Поврзи се со нас

Гостивар

Општина Гостивар планира делумно исклучување на јавното осветлување за заштеда на енергија

Објавено

на

Гостиварската локална самоуправа прави планови и разгледува можности како да ја намали потрошувачката на електрична енергија. Една од опциите за која треба да се донесе одлука е воведување одредени рестрикции на јавното осветлување.

„Општината има одреден план за штедење на електричната енергија. Идејата ни е од следниот месец да почнеме со градското осветлување, на пример од полноќ да се гаснат светилките, особено на главните улици, кадешто има некакво осветлување од излозите на повеќето дуќани. Во споредните улички светилките нема да се гаснат, затоа што сепак постои ризик да нема никакво осветлување и да биде потполно мрачно. Имаме и други идеи, посебно за спортската сала, за општинската зграда, како тоа да функционира за да заштедиме повеќе енергија. Меѓутоа ние сме и во процес на издавање на јавното осветлување под концесија, знаете дека последните месеци многу помалку пари собираме, а повеќе плаќаме со оглед дека цените се поскапени за 4 до 5 пати. Ќе преземаме се‘ што е во наша можност со цел да се заштеди што повеќе.“, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Од 1 септември треба да стапат на сила мерките за штедење на електрична енергија, кои Владата ги усвои пред десетина дена, меѓу кои се: исклучување на декоративното осветлување на фасадите на сите објекти и културни споменици, да не се користи осветлување во внатрешните простории во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина, во јавните објекти во сезона на ладење температурата на климатизерите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, печатење само на оние документи кои се потребни и онолку копии колку што се неопходни итн.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена