Гостивар
Општина Гостивар подготви план за борба против корупција

По препораките на Владата за одобрување на годишниот план за проценка на ризиците од корупција во локалната самоуправа, Општина Гостивар го состави планот за 2023 година и најави дека наскоро ќе организира јавна расправа за истиот.
„Имајќи го предвид Законот за спречување на корупција и судир на интереси и националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021- 2025 на Државната комисија за спречување на корупција, произлегува фактот дека корупцијата ги загрозува правата што им припаѓаат на граѓаните, ги деградира законите и ја оневозможува правдата. Од таа причина неопходна е борба против оваа негативна појава за општеството.“, наведуваат од локалната самоуправа.
Општина Гостивар во текот на 2023 година ќе се фокусира кон проценка на ризиците од корупцијата која се користи како превентивна алатка за идентификување на факторите на ризик и ризиците по однос на корупцијата, предлагање на соодветни мерки за нивно отстранување и санкционирање на сторителите со цел ефикасно спроведување со корупцијата во рамките на институцијата, како јакнење на интегритетот на вработените и подобрување на управувањето во општината.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава