Поврзи се со нас

Гостивар

Општина Гостивар: Владата дискриминира и манипулира, пари не се дадени за општината, туку за болницата

Објавено

на

Општина Гостивар преку соопштение реагира дека цетралната власт со последната информација за доделување финансиски средства, ја дискриминира општината и манипулира со јавноста.

„Владата на СДСМ-ДУИ, својата дискриминација сака да ја прикрие со измама. Финансиските средства наменети за Општата болница „Д-Р Ферид Мурад“ во Гостивар, ги пишува како да ги прима градоначалникот Арбен Таравари. Сакаме да разјасниме за јавноста дека не сме против овие финансиски средства, но централната власт свесно знаејќи дека локалната власт нема надлежност над здравствените институции, се обидува да глуми дека е добра, за наводно еднаков третман на сите општини. Реално, парите наменети за реновирање на гостиварската болница, се од средствата добиени од ТАВ предвидени за карго аеродромот во Штип во вредност од 35 милиони евра. Владата ги пренамени овие пари за 99 проекти во 75 градови. А, она што се издвојува е дека во сите општини има инфраструктурни проекти (канализација, патишта или училишта), САМО во Гостивар парите се предвидени за реновирање на БОЛНИЦАТА! Ова уште еднаш потврдува дека СДСМ-ДУИ намерно го дискриминираат Гостивар, кој е предводен од кадар на АА, политички субјект на албанската опозиција, кој во трите години од неговиот мандат, постојано е избран за најуспешен градоначалник меѓу 80 општини во земјава.“, се вели во соопштението.

Локалната власт нагласува дека три години без помош, и со пречки, успеала да реализира бројни проекти. „Изградиме над 60 километри нова канализациона мрежа, над 35 километри водоводна мрежа и околу 30 километри асфалтирани патишта. Овие сопствени инвестиции, градоначалниците  од редовите на СДСМ-ДУИ не можат ни на сон да ги видат, а не пак во реалност, иако зад нив секогаш стои владата“, потенцираат од општината.

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена