Поврзи се со нас

Гостивар

Општина Гостивар за бојкотот на турски во гимназијата: Бројот на паралелки го одредува Министерството

Објавено

на

Во паралелките на турски јазик во гимназијата во Гостивар од петокот тече бојкот на наставата. Причината е незадоволство на професорите поради затворањето на една паралелка во прва година. Наместо три, како што било пракса до сега, годинава формирани се 2 паралелки. Од Секторот за образование на Општина Гостивар нагласија дека не се надлежни да одлучуваат за бројот на паралелките и дека тоа е ингеренција на ресорното Министерство. Како локална самоуправа за гимназијата барале од Министерството 3 паралелки на турски јазик, 9 на албански и 2 на македонски, но барањата не биле целосно исполнети.

„Правото на бојкот е демократско право, ние не можеме да се мешаме во таа одлука. Сепак, сакам да кажам во јавноста дека општината нема ингеренции да го одредува бројот на паралелки, тоа го прави Министерството за образование. Имаме документи дека сме доставиле барање за 3 паралелки на турски јазик, 9 на албански и 2 на македонски, но Министерството одобри 2 на турски, 7 на албански и 2 на македонски. Значи, Министерството  решава колку паралелки ќе се отворат. За нас како општина, не е добро што се намалува бројката на паралелки, затоа што така се намалува и број на часови на некои професори, а се ризикуваат и работни места на наставниот кадар што нема решение. Нашиот став за бојкотот е дека професорите треба да се обратат до Министерството и таму да бараат да се отвори уште една паралелка“, рече Аслијан Снопче, раководител на Секторот за образование.

Професорите од наставата на турски јазик рекоа дека ќе одат до крај и нема да одржуваат настава се‘ додека не им се врати третата паралелка. „Имаме зголемување на бројот на ученици, а се соочуваме со намалување на паралелките. Тоа е класичен пример на етничка дискриминација“, подвлекоа тие.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена