Вести
Општина Гостивар започна со уривање на дивоградби
Гостиварската локална самоуправа соопшти дека денес ја започна акцијата за уривање на бесправни градби на територијата на општината. „Првата градба која беше урната е еден ѕид во населбата Питарница, кој беше изграден без соодветна дозвола и на локација предвидена за улица. Со уривањето на овој ѕид, всушност се овозможува слободно движење на возилата на тој дел од населба Питарница.“, информираа од општината.
Локалната власт најави дека ќе продолжи со уривање на бесправните градби, како што се ѕидовите кои зафаќаат дел од улиците, доградби, како и станбени објекти кои што се изградени бесправно.
Секторот за урбанизам ги повикува граѓаните да не градат без соодветна дозвола, нагласувајќи дека во спротивно ќе се соочат со законски предвидените мерки.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар