Гостивар
Општина Маврово и Ростуше строго ги почитува препораките на целата територија
На целата територија на Општина Маврово и Ростуше строго се почитуваат заклучоците за заштита од коронавирусот, донесени од страна на Владата на РСМ, а капацитети со кои располага се ставаат на располагање за соседните општини Дебар и Центар Жупа, информираа од општината.
Од општината искажуваат голема благодарност до сите сопственици на кафетерии и ресторани за почитувањето на мерката која беше донесена од страна на Владата, која забранува целосна работа на кафетерии, ресторани, барови и спортски обложувалници на неопределено време.
-Уште еднаш се потврди дека нашиот народ покрај тоа што е чесен, мирен и трудољубив, исто така максимално ги почитува законите и сите државни институции и воедно дава свој придонес во справување и со оваа криза која ја погоди и нашата држава, посочуваат од Општина Маврово и Ростуше во објавата на нивната Фејсбук страница.
Воедно, се додава, дека сите капацитети се ставаат на располагање на соседните општини кои се погодени од коронавирусот.
-На нашите братски општини Центар Жупа и Дебар им укажуваме дека нашата општина со сите свои капацитети им стои на располагање, додека на граѓаните од двете општини им посакуваме што поскоро завршување на оваа ситуација.Јавното здравје е заедничка одговорност. Од нас зависи!, стои во објавата на Општина Маврово и Ростуше.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград