Гостивар
Општина Маврово и Ростуше за случајот со поткуп: Вчудоневидени и изненадени сме

Општина Маврово и Ростуше преку Фејсбук реагираше на информацијата од МВР објавена во медиумите за побаран и примен поткуп од страна на Раководителот на одделението за урбанизам при општината. Од локалната самоуправа велат дека се вчудоневидени и изненадени од ваквите наводи.
„Вчудоневидени и изненадени сме од информацијата која беше објавена во медиумите во врска со побаран и примен поткуп од страна на Раководителот на одделението за урбанизам при општината. Како локална самоуправа најостро осудуваме било каква форма на коруптивно однесување и бараме од надлежните органи што побрзо да го расчистат случајот“, стои во реакцијата.
Од Општината посочуваат дека со досегашното работење повеќепати докажале дека стојат на страната на жителите, стремејќи се кон подобрување на општинските услуги и условите за живот преку реализација на крупни капитални проекти.
„Токму поради тоа ваквите индивидуални чинови на дејствување не ги поддржуваме и не сакаме било каков сомнеж за корупција да остане нерасчистен. Целосно стоиме на располагање пред надлежните органи одговорни за расчистување на случајот“, порачуваат од Општина Маврово и Ростуше.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести