Поврзи се со нас

Вести

Општината ќе бара јапонска поддршка за обнова на покривот на ОУ „Гоце Делчев“

Објавено

на

За решавање на проблемот со покривот на Основото училиште „Гоце Делчев“, општина Гостивар ќе бара пари од јапонската Амбасада. Денес во посета на општината беше Амбасадорката на Јапонија во Македонија, Кеико Ханеда која со градоначалникот Арбен Таравари разговарала за грантови што ги доделува Амбасадата за образование, здравство и други области.

Освен за реконструкција на кровот на училиштето, кој е во катастрофална состојба години наназад, гостиварската локална самоуправа ќе аплицира за јапонска поддршка и за отворање на Центар за аутизам.

Јапонската Амбасада секоја година помага во одредени проекти во општините, особено во образованието и здравството. Ја запознавме Амбасадорката со проблемот со кровот на ОУ „Гоце Делчев“, нормално ние ќе конкурираме, па ако можеме да направиме нешто и општината и Амбасадата да го решиме ова прашање“, изјави Таравари.

Амбасадорката рече дека и причинува задоволство што Гостивар е една од општините со кои градат соработка и пријателство: „Денес го информирав градоначалникот какви проекти поддржува нашата Амбасада и се надевам дека во иднина ќе зборуваме за конкретни проекти кои можеме да ги реализираме заеднички овде во Гостивар. Јапонија има одлична соработка и цврсто пријателство со многу општини во Македонија и мене ми причинува задоволство што Гостивар е дел од оваа пријателска врска“.

По средбата во општината, Амбасадорката Ханеда прошета и низ градот, а ја посети и Саат Кулата, симболот на Гостивар.   

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена