Поврзи се со нас

Гостивар

Општината со демант кон КК Гостивар

Објавено

на

Општина Гостивар преку соопштение ги демантираше посочувањата во реакцијата на Кошаркарскиот клуб “Гостивар“ за предлог распределбата на буџетските средства за спорт.

„Општина Гостивар ја отфрлува како неоснована реакцијата на Кошаркарскиот клуб “Гостивар“ дека наводно има намера да одвои 4 милиони денари за еден спортски клуб од вкупно 9,2 милиони денари наменети за таа цел. “Согласно најновите објави на комисиите за 21 седница на Советот на Општина Гостивар во чиј предлог од предвидени 9,2 милиони денари, 4 милиони се предвидени за еден субјект, а остатокот за сите останати спортски субјекти во Гостивар“, се вели меѓу другото во нивната реакција. Во полза на вистината, мора да појасниме дека вчера се пратени до советницките материјалите за наредната седница на Советот, закажана за 30.01.2020 год. меѓу кои и дневниот ред на состаноците на Комисиите. Како што може да се види и од документот подолу, на дневен ред на Коисијата за финансии и ЛЕР има предлог-одлука за доделување на финансиски средства на ФК “Гостивар“ без да се наведе износот.Доколку од КК “Гостивар“ имаат сознанија дека од Фудбалскиот клуб “Гостивар“ поднеле Барање за доделување на 4 милиони денари, па затоа реагираат, тоа се коси токму со она што го велат Со целосна почит кон сите спортски клубови од Гостивар, реакцијата не е насочена кон нив, туку кон функционерите кои имаат обврска должноста да ја спроведуваат согласно законот и актите на локалната самоуправа“.“, стои во општинското соопштение.

Од општината понатаму наведуваат дека комисијата и општинските служби ќе го разгледаат барањето, а соодветна Одлука ќе донесе Советот на Општината, која понатаму ќе треба да ја спроведе градоначланикот, а притоа ќе се земе предвид вкупниот фонд наменет за таа цел, како и нивото на натпреварување, но секако и фактот кои спортски клубови се приватни, а кои со одлука на Советот се под чадорот на Општината.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена