Поврзи се со нас

Македонија

Општините од утре можат да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво

Објавено

на

    Заменик министерот и државниот секретар на Министерството за социјална политика, Ѓоко Велковски и Фатмир Сабриу, денеска го презентираа третиот јавен повик за грантови за развој на социјални услуги, поддржан од Светската банка. Повикот е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги и вклучува услуги во домот и заедницата.

    Целта е проширување на опфатот од 41 на најмалку уште 20, над 60 општини. Велковски ги повика општините да аплицираат и ја потенцираше важноста на инклузивното општество, новите софтверски решенија за интеграција на социјалната заштита и поддршката за вработените во социјалните центри.

    Сабриу нагласи дека проектот обезбедува пристап до подобри услуги за најранливите, додека истовремено создава нови работни места, со што придонесува за економскиот развој.

    Денешната презентација овозможи детален преглед на условите за аплицирање, како и информации за поддршката која ќе им биде на располагање на општините и давателите на социјални услуги.

    Проектите ќе се реализираат во периодот од 2025 до 2026 година, со цел подобрување на услугите и пристапот за ранливите групи. Министерството ќе им помогне на општините во подготовката на потребните документи.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена