Поврзи се со нас

Вести

Општински натпревари по прва помош во Гостивар, учениците покажуваат знаења, вештини и хуманост

Објавено

на

    Во Гостивар денес се одржуваат Општинските натпревари по прва помош, традиционален настан на кој учениците ги мерат знаењата и вештините по пружање прва помош. Учествуваат 14 екипи од кои 7 од средните училишта од општините Гостивар и Маврово и Ростуше и 7 од основните училишта од гостиварската општина. Натпреварот е во организација на ОО Црвен крст Гостивар и беше свечено отворен утрово.

    „Често, во секојдневниот живот, можеме да се соочиме со итни ситуации: рани, изгореници, губење на свест или несреќи. Во тие моменти, првата помош е првиот и најважен чекор што можеме да го преземеме за да му помогнеме на некого кој е во опасност, пред да пристигне медицинска помош. Првата помош не бара сите да бидеме лекари, но бара да бидеме подготвени, смирени и да ги знаеме основните чекори. Тоа вклучува запирање на крвавење, смирување на повреденото лице, згрижување на изгореници, убоди и повици до надлежните служби за помош. Овие првични постапки можат да бидат пресудни за спасување живот. Важно е да нагласиме дека првата помош не е само знаење — таа е и граѓанска одговорност. Таа нè прави посвесни, похумани и подготвени да дејствуваме во најтешките моменти. Црвениот крст на Република Северна Македонија е лидер во едукацијата за прва помош. Има долгогодишно искуство и традиција во областа на едукација на населението за правилно и навремено пружање прва помош.“, истакна претседателот на гостиварскиот Црвен крст, Бесник Зеќири.

    Општина Гостивар е еден од покровителите на натпреварувањето. На отворањето се обрати и градоначалникот Ваљбон Лимани.

    „Многу ми е мило што гледам толку голем број во оваа активност. Иако станува збор за натпревар, сакам да ви напоменам дека пред сè е важно да учествувате, да бидете дел од натпреварот и да бидете подготвени да се справите со сите предизвици што може да се појават во вашиот живот. Ви посакувам успешен натпревар — нека победат најдобрите! Се надевам дека ќе продолжиме со вакви активности и во иднина.“, рече градоначалникот.

    Пред учениците беше истакнато дека натпреварите се можност да се покаже подготвеноста да се биде солидарен и да се помогне при итни ситуации.

    „Брзата и смирена реакција со прва помош може да биде пресудна за здравјето и безбедноста на ученик, наставник или било кој друг во училиштето. Ова не е само натпревар на вештини и знаење, туку и можност да се покаже колку сме подготвени да си помогнеме еден на друг во итни ситуации. Преку овие натпревари, вие не учите само како да реагирате при несреќи, туку и како да покажете одговорност, соработка и хуманост.“, кажа секретарката на Црвениот крст, Мерита Алили.

    По општинските следуваат регионални натпревари кои ќе се одржат на 10 мај во Гевгелија, додека Гостивар оваа година ќе биде домаќин на Републичките натпревари по прва помош планирани за 20 септември.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 2 недели

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Гостиварпред 4 недели

    Прекин на водата утре во Гостивар, објави вечерва Комуналец

    Спортпред 4 недели

    Три злата и две бронзи за македонските борци на ММА турнир во Грција

    Рецептипред 4 недели

    Пролетна освежителна салата со јаболко и спанаќ

    Деца Родителипред 4 недели

    Шест корисни попладневни навики за децата кои одат во училиште и нивните родители

    Гостиварпред 3 недели

    Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска од Гостивар се зет и невеста на Галичка свадба 2025

    Спортпред 4 недели

    Ливерпул по 20-ти пат шампион на Англија

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Мајстор Рашит од Гостивар, прочуениот кројач со златни раце

    Писмапред 2 недели

    ПИСМА: Жители од зградите кај пазарот во Гостивар стравуваат од брзи возачи: Дали треба човечки живот да згасне за да се преземе нешто?

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена