Гостивар
Општинските инспектори стопираа градба на зграда во Гостивар

Повеќекатница во изградба, на ул „Сретко Крстески“ во Гостивар, денес доби жолта лента со забрана за извршување на градежни работи.
Според изјавата на градоначалникот Арбен Таравари, за објектот немало дозвола за градење.
„Тоа е објект кој се гради без дозвола. Ние бевме коректни, бидејќи сите тие што градат во Гостивар ги гледаме како инвеститори, затоа прво кога почна со градба замоливме да прекине, додека не добие дозвола. Тој си продолжи со работа, ние направивме записник за уривање на тој објект. Најверојатно со поддршка од централната власт, односно албанската партија која во Гостивар е опозиција, продолжува да гради. Ние моравме денес да интервенираме, тоа е по закон. Вака ќе продолжиме со сите објекти кои се градат без дозвола. Инаку, немаме ништо против никого и сите кои градат како што треба, според закон ги сметаме како наши големи инвеститори.“, изјави градоначалникот.
Дали објектот ќе се урива, општинската власт за сега не може да каже со точност.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?