Вести
Оптимистичка прва половина од годината за Гостивар: Повеќе бебиња – помалку починати
Во Гостивар годинава се раѓаат повеќе бебиња, споредено со лани. Статистиката која се однесува на првите шест месеци од 2018, покажува дека наталитетот во гостиварскиот регион, бележи благ пораст. Бројот на починати (морталитет), пак значително опаднал.
Според податоците од Државниот завод за статистика, во првата половина од оваа година во општина Гостивар има 346 новороденчиња, што е петнаесетина повеќе од истиот период претходната година. Бројот на починати е 279 и е помал од лани за 79. Првите шест месеци од 2018-та носат позитивен природен прираст за Гостивар (повеќе новородени од умрени лица), за разлика од 2017, кога на подрачјето имаше негативен природен прираст.
Во општина Врапчиште од јануари заклучно со јуни, се родиле 109 бебиња, а починале 103 лица, додека во Маврово Ростуше има 30 новороденчиња и 34 починати.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија: НОВОГОДИШНО „НАРАЧАНО“ ИНТЕРВЈУ со Дедо Мраз | Gostivarpress.mk