Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Оризова вода за убава кожа и за раст на косата

Објавено

на

Оризот како прехранбен продукт е доста застапен во нашата кујна. Но, освен за јадење може да биде од голема корист и за одржување на убава и мазна кожа и негување на косата. Се‘ што ви треба е ориз и вода, подготовката е повеќе од лесна. Измијте го оризот (еден филџан за кафе), полијте го со 3 чаши вода и оставете да отстои на собна температура 24 часа. Откако ќе отстои промешајте го оризот и процедете ја водата. Вака подготвената вода има рок на траење 7 дена.

Користете ја оризовата вода за чистење на лицето. Ќе се изненадите од резултатите. Ќе го  го поттикне производството на колаген во вашата кожа, со што ќе помогне да се подмладите и да ги намалите брчките. Исто така, оризовата вода делува ефикасно против мрсење на кожата и создавање на акни. Многу производи за нега на мрсна кожа содржат алкохол, кој може да ја наруши активноста на лојните жлезди и да предизвика прекумерно производство на себум, што пак ќе ја направи вашата кожа уште помрсна. Користењето оризова вода е безбеден начин за балансирање на мрсната кожа, бидејќи го елиминира вишокот маснотии и не ја суши кожата.

Ако редовно ја употребувате оризовата вода за плакнење на косата по миење ќе го стимулирате растењето и ќе ги зајакнете корените. Вашата коса ќе изгледа поздраво и посјајно. Може да се каже дека делува како природен регенератор.

Вашите баби може да потврдат дека оризовата вода важи за докажан домашен лек против  дијареа и надуеност на стомакот. Особено за бебињата кои имаат пречувствителен систем за варење на храната.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена