Македонија
Османи: Ја следиме состојбата со нашите граѓани во Украина, две семејства побарале помош во Амбасадата

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека се следи состојбата во Украина и дека нашата Амбасада е во контакт со македонските граѓани кои се наоѓаат во земјата, со цел да им се помогне да ја напуштат.
– Се разбира, ја следиме состојбата и во поглед на нашите граѓани коишто се таму. Досега имавме неколку апели за да се искористат сите можности преку комерцијални летови да се вратат овде во Скопје. Дел од нив се вратија, дел не. Во комуникација сум со нашата Амбасада. Таму од утринава и денеска имаме неколку граѓани коишто бараат документи за да може да ја напуштат земјата, но ние веќе правиме планови и за евакуација на нашите дипломати, иако таа одлука се уште ја немаме донесено. Меѓутоа, сме во постојана координација со нашите партнери и со нашите луѓе на терен за да ги донесеме соодветните одлуки, рече шефот на дипломатијата за „Утрински брифинг“.
Тој информира дека две семејства денеска се обратиле во нашата Амбасада во Киев коишто бараат одредени документи со цел да ја напуштат земјата. Османи потсети дека МНР веќе со недели апелира за тоа, со цел да не бидеме во ситуација денеска кога се блокирани и патиштата и начините за да им се излезе во пресрет. Тој порачува дека нашите дипломати се таму и ќе најдат начин да им се помогне се додека имаат можност, а потоа ќе донесеме евентуално и одлука за евакуација на нашите дипломати од Амбасадата.
– Ние имаме од поодамна резервни планови доколку аеродромот се затвори, доколку нема комерцијални летови и како би ги извадиле нашите луѓе ние и денеска за еден час ќе имаме седница на Влада на која што ќе донесеме одредени одлуки по однос на состојбата таму. Така што сега станува се потешко да им се излезе во пресрет. Тие што го искористија апелот и одговорија на апелот се вратија во Скопје, меѓутоа продолжуваме да бидеме во комуникација со нашите луѓе да им помогнеме да излезат од Украина, вели Османи.
Шефот на дипломатијата нагласи дека се следи и целокупната ситуација во Украина и дека сите партнери во НАТО се единствени во однос на преземањето следни чекори.
– Ја следиме состојбата со загриженост. Мислевме дека копнена инвазија во соседна земја ќе видиме само во филмовите и во историските книги. За жал, еве се случува тоа денеска и за најголема осуда. Единствени сме во НАТО и во ЕУ во однос на одговорот кон оваа агресија… Тоа што можам да кажам е дека сите партнери во НАТО сојузници сме единствени и тоа е нашето најсилно оружје во оваа ситуација. Се разбира, постојани се тие состаноци коишто се случуваат, дел од информациите не можам да ги споделам со вас затоа што се доверливи, меѓутоа единствени се сојузниците во преземањето на сите наредни чекори. Знаете дека Унијата веќе донесе одлука за одредени скалести санкции кон таргетирани руски интереси, се разбира понатаму ќе се продолжи со реакција. Ние сме дел од Сојузот, тоа не става во сосема нова позиција по однос на пристапот до информации, по однос на безбедноста што ја чувствуваме заради тоа што Сојузот се грижи за безбедноста на еден метар квадрат од територијата на сојузниците, меѓутоа се разбира и нашата улога во солидаризирање со нашите партнери во заштита на регионот со нашиот сојуз, вели Османи.
Македонскиот амбасадор во Киев, Крум Ефремов, во изјава за Телма, пак, нагласи дека засега нема излез од Киев.
Тој вели дека стотина македонски државјани се уште се наоѓаат во 12 градови во Украина, каде во моментов нема воени дејствија и се чекаат инструкции. Ефремов нагласи дека во моментов интернет врските во земјата се во прекин, а одвреме навреме колабираат и телефонските линии.
– Сега е мирно, нема никакви дејствија, меѓутоа има паника и практично евакуација на граѓани од Киев. Се бега со коли, со различни превозни средства. Во моментов авионските линии не функционираат, така да само преку копнени транспортни превозни средства се авкуираат граѓаните, изјави амбасадорот Ефремов.
Отворени огласи за вработување:

Триесетина казни во Гостивар и Тетово за возачи кои не пропуштале пешаци

Патријархот Порфириј упати Томос за афтокефалност на МПЦ-ОА во Вселенската патријаршија

Чистка во Интер, заминуваат 13 играчи

Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Шест месеци научници напојувале компјутер со помош на алги

Куче скитник нападнало гостиварец

ЗНМ, СЕММ, ССНM: Владата со народни пари фаворизира одредени медиуми

СЗО: Мајмунските сипаници во развиените земји веројатно се ширеле на две забави преку секс

Нападнат малолетник во гостиварско Чегране

Комисијата за заразни болести во среда ќе расправа за состојбата со мајмунските сипаници

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Заврши сезоната за КК Гостивар, годинава на 5-тата позиција

Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Завршил во ПС Гостивар поради закани кон сестрите и внуката

Почина Петар Илоски, еден од втемелувачите на гостиварската кошарка

Техничкото училиште во Гостивар се презентира пред полуматурантите

Ботанички градини во две училишта во Гостивар, децата со љубов одгледуваат билки и зеленчук

Бизнис саем во Гостивар, учествуваат 20-тина компании

Лукаревска во посета на гостиварската фирма Прогрес 1998

74 граѓани на прелиминарната листа за социјален стан во Гостивар

Почна градба на нов објект на градинка во Гостивар

Свеченост за матурантите во економското училиште во Гостивар: Ни го покажавте патот, предизвикот е наш!

КК Гостивар казнет со 165.000 денари, два натпревари без публика и суспензија на стручниот штаб

Емотивна средба во гимназијата во Гостивар-Прослава на 55 години матура

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

2МФЛ: ФК Гостивар го шокираше Вардар совладувајќи го 2-1

Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење

Гостиварското основно музичко училиште прослави патронат

Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?

Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак

Храбриот Гостивар немаше доволно сили за целосен шок – Победа на МЗТ 87-85 (фото)
ДНЕВЕН БРИФИНГ НА ВЕСТИ
Внесете ја вашата електронска пошта и добивајте ги најважните дневни вести на Gostivarpress.mk секој ден во 20 часот.
Ви благодариме!
Вашата електронска пошта е додадена.
Популарно изминативе 100 дена
- Македонијапред 1 месец
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Гостиварпред 3 месеци
Патарини: Над 1.000 евра една година Гостивар – Скопје одење и враќање
- Гостиварпред 3 месеци
Во Здуње уапсен 29 годишник кој си ја нападнал девојката
- Гостиварпред 3 месеци
Во Гостивар ќе се постави спомен плоча на загинатите во несреќата од 13 февруари
- Гостиварпред 3 месеци
Ќе се обновува фасадата на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар
- Македонијапред 2 месеци
Православните христијани одбележуваат празник Тодорова сабота
- Македонијапред 2 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиварпред 2 месеци
Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?