Поврзи се со нас

Македонија

Османи: Ќе се придружиме на сите одлуки на ЕУ во осуда и дефинирање на односот со Русија

Објавено

на

Нашата позиција кон Руската Федерација во котекст на оваа агресија е јасно искажана, таа е јавно манифестирана и ние ќе се придружиме на сите одлуки на ЕУ во осуда, но и во дефинирање на односот кој ќе го имаме со Руската Федерација.

Ова го истакна на денешниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на прашање во однос на последиците од фактот што Москва ја стави нашата земја на листата на непријателски земји на Русија. Тој додаде дека тоа ќе го направат во координација со ЕУ, а не на основа на билатерална одлука.

-Јас реков дека нашиот однос кон Руската Федерација визави воената агресија ќе го координираме со членките на ЕУ, со ЕУ, се разбира и со НАТО и другите организации во коишто припаѓаме. Така што сме во координација, се разбира доколку имаме податоци за нарушување на Виенската конвенција, на правилата на однесување ќе постапиме и билатерално, меѓутоа во однос на политичките пораки коишто би ги пратиле до Руската Федерација сите тие одлуки ќе ги донесеме заедно во координација со ЕУ, рече Османи.  

Шефот на дипломатијата ја оцени како непристојна објава и класична закана објавената информација од страна на Руската амбасада, дека со големо внимание се следи како што посочуваат, невиденото ниво на русофобија забележано во голем број странски земји во светлината на специјалната воена операција во Украина и предупредувањето дека сите вакви инциденти се внимателно евидентирани, и ќе бидат пренесени до надлежните органи за правна проценка, а виновниците ќе одговараат согласно важечките закони.

-Таа е непристојна објава и е класична закана која што не е објавена само кај нас, туку во сите земји во светот, пред се во Европа и ние ја интерпретираме како таква, како закана која што е надвор од нормалната дипломатска комуникација помеѓу две држави, оцени Османи и најави дека врз основа на тоа, после брифингот има организирано средба во Министерството за да одлучат која ќе биде нашата реакција по однос на оваа објава, за што ќе дополнително ќе информираат по состанокот.  

Тој посочи дека Северна Македонија целосно се приклучи на санкциите коишто ги воведе ЕУ и оти сите наши активности визави конфликтот ги координираме со ЕУ или со НАТО, пред се со ЕУ, односно не преземеме билатерални мерки како и повеќето земји коишто се или членки на ЕУ или се кандидати за ЕУ.

– Тоа се листа на санкции коишто се провлекуваат од 2014 година,  300 страници материјал, се работи за голем број на мерки, на рестриктивни мерки, ограничувања, таргетирања економски оператори, индивидуи и групи во Руската Федерација. Сите тие се формализираат на седница на Влада поединечно сите тие одлуки од 2014 досега, како се финализираат, постои координативно тело во МНР во кое што се вклучени претставници од другите институции за да се координира имплементацијата на овие рестриктивни мерки и тие санкции, додаде Османи.

Тој информира дека веќе имало еден состанок минатата недела во МНР за да се информираат институциите, кој вид на санкции, кои лица, кои економски оператори се вклучени за да може сите да преземаат мерки во рамки на својот домен, дали е тоа Царина, дали се тоа другите институции. – Ова координативно тело има механизми да ги следи. Доколку кој било постапува незаконски и надвор од одлуките на Влада се разбира постојат и за тоа начини како да се санкционираат, нагласи Османи. 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена