Поврзи се со нас

Македонија

Осми Март – зошто и од кога се слави како Ден на жената

Објавено

на

Меѓународниот ден на жената (8-ми март) е празник кој во својата суштина ги содржи економските, политичките и општествените достигнувања на жените и нејзината борба за родова рамноправност.

Првите јавни демонстрации на жените вработени во текстилната индустрија биле организирани на 8 Mарт 1857 година во Њујорк. Текстилните работнички протестирале поради лошите услови за работа и ниските плати. Протести на истиот датум се случувале и наредните години, од кои најпознати биле во 1908 година, кога 15 илјади жени марширале низ Њујорк барајќи пократко работно време, подобри плати и право на глас. Првата меѓународна женска конференција е одржана во Копенхаген во 1910 година во организација на Социјалистичката Интернационала. На конференцијата по предлог на славната германска политичарка и борец за човекови права Клара Цеткин, 8 Март е утврден како празник на жените. Во наредните години празникот започнале да го одбележуваат милиони луѓе во Австрија, Данска, Германија, Швајцарија…

Во 1977 година, Обединетите Нации го прогласи 8 Март за”Меѓународен  ден на правата на жените”. Оттогаш, празникот има симболично значење, посебно за државите каде што жените се` уште водат борба за основните права и секаде кадешто жените се жртви на насилство и нееднаквост.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена