Поврзи се со нас

Гостивар

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Во пресрет на утрешниот ден 8 Март, кој се одбележува како Меѓународен празник на жената Gostivarpress.mk направи интервју со началничката на Отсекот за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање при гостиварското Одделение за внатрешни работи, Белинда Туксар Лотеска. Отворено и искрено разговараме за професионалната определба, животниот пат, гледиштата за родовата рамноправност, силата на жената, приликите во опкружувањето, исполнувањето на слободното време…

Објавено

на

„Жената е силно битие, но длабоко во душата чувствува потреба за внимание и нежност.“

Gostivarpress.mk: Како дојде до избор на вашата професија? Што беше пресудно во определбата на професионалната кариера?

Туксар Лотеска: Изборот за мојата идна професија го направив самата. Како ученик од моите почитувани наставници и професори бев повќе афирмирана во делот на природните науки, како и литературата, која ја претпочитам до денес.  На моја голема среќа од страна на мојот родител – мајка ми немав сугестии и притисоци во избор на понатамошно едуцирање кое всушност значеше избор на мојата идна професија. Во далечната 1989 година после долго размислување самата направив избор. На овој начин одбрав професија која ја сакам и во извршување на професионалните задачи одговорно, со многу труд и љубов се вложив низ годините наназад надминувајќи ги сите тешкотии. Овој начин беше многу целисходен и ценам исправен, затоа што со својот избор самата направив предизвик и со лична одговорност до денес го исполнувам професионалниот живот, а искрено и тој ме исполнува мене. Професијата беше често за мене не само егзистенција, туку и  компензација на многу празнини во мојот живот.  Доставив пријава на тогашниот ,,Факултет за безбедност,, во рамките на Универзитетот ,,Свети Кирил и Методиј,, во Скопје, а по положување на приемниот испит и неколку години студии на овој тогаш единствен факултет за високо образование на кадри од областа на безбедноста, се стекнав со звање ,,Дипломиран криминалист,,. По краток временски период по моето дипломирање го прифатив предлогот и првото понудено работно место во Министерството за внатрешни работи во тогашниот ОВР Гостивар, каде извршувам работни задачи до денес. Имав голема чест да бидам колешка и да студирам, а потоа и да работам со многу кадри од оваа институција. Мојата едукација потоа ја продолжив во изучување на странски јазици. Во понатамошната едукација и моето кариерно исполнување секогаш ја имав поддршката од мојот сопруг, кој морам да признаам во ниту еден момент до денес не се произнесол спротивно на моите желби во поглед на унапредување во мојата професија или пак едукација и обуки кои ги имам спроведено. Сакам да кажам дека ако некаде запрев во мојот професионален напредок, одлуките ги донесував сама врз основа на објективни причини.  Имаше многу субјективни, но секогаш уште повеќе има објективни причини кои ги експонирав пред субјективните, а не како при одлуката во изборот на мојата професија. Пресуден од субјективните во определбите за идната професија беше сепак како кај секој млад човек, мојот субјективен став поттикнат од мојот младешки сон за дисциплина и ред, како и  големата љубов кон слободата, како личната, така и колективна. Тогаш се‘ уште младиот ентузијазам во мене имаше изградено еден мал концепт во кој ,,Безбедноста,, беше мој голем интерес не само како етички концепт, туки и како инструмент со кој ќе се отстрани секоја пречка за ,,страв,, со интенција да бидам барем мал дел од овој голем концепт за безбедност на сите пошироки човечки колективитети, семејството, нацијата и државата.

Во оваа прилика сакам да искажам голема благодарност кон ,,Седмата сила“ што ми овозможи после долго време јавно да се заблагодарам и на сите субјекти кои ми овозможија и го поддржаа на мое лично задоволство мојот предизвик да бидам минорен, но сепак компетентен субјект во големата сфера на ,,Безбедноста“.

Gostivarpress.mk: Какво е искуството да се работи во колектив каде поголем дел од колегите се мажи? Колку тоа помага, а колку е пречка во напредување и вршење на обврските? Што најмногу учите од нив, а што тие од вас?

Туксар Лотеска: Во извршување на работните задачи кои јас ги извршувам истите дадени од страна на Министерството за внатрешни работи не игра улога многу половиот аспект. Во ОВР Гостивар, впрочем како и во МВР на РСМ поголем дел од колегите се мажи поради тоа што карактерот и природата на одредени работните задачи кои треба да се извршуваат изискува посебни обуки, истрајност и енергија. Не би рекла, дека машкиот пол се поадекватни во нивно извршување, бидејќи за жал до денес има помалку обучени амбициозни лица од женски пол кои аплицираат како кандидати за работа во министерството на соодветен конкурс. Во актуелното време во кое живееме реално не постои пречка за вршење на работните активности поради родова разлика. Колегијалниот аспект не прифаќа полова разлика, туку само надополнување на искуство и взаемно помагање, а се со единствена цел напредување на колективот и организационата единица во која се вршат работните задачи. Постои скептичност во смисла на ова, но со тек на времето колективната свест, а многу често и професионалната грижа на покомпетентни и поискусни кадри и одговорни лица секогаш ќе ви дадат сигнал дека вие сте таа која треба да напредувате. Како и секоја одговорна индивидуа, овде самата треба да оцените дали имате сила да го прифатите предизвикот кој го нуди одредено унапредување, потоа,  дали имате логистика во колективот и семејството, а воедно и несебично да го дадете потребниот свој професионален придонес и да го оправдате предлогот кој за вас го дале искрени кон вас, а воедно и компетентни и искусни со својата оценка, отворајќи ви пат за вашата понатамошна професионална иднина. Ваша етичка и морална одговорност е секогаш да прифатите само тоа што вие ќе го оцените од сите субјективни и објективни аспекти дека со сигурност ќе го оправдате нивното залагање за вашето професионално унапредување, односно желбите не треба да бидат единствено меродавни во носењето на вашата одлука без да се земат во предвид вашите можносит и други објективни околности.  Низ мојот професионален ангажман од 08.03.1995 година до денес, можам да се пофалам дека во секојдневното извршување на работните активности многу научив и добивав професионална помош од многу искусни колеги и колешки. И денес во соработката не исклучувам взаемно помагање и пренесување на искуство на идните кадри, без да се прави разлика во половите. Што се однесува до пренесување на знаење секогаш може да се научи од колешка или колега, но само доколку постои професионална воља тоа да биде пренесено. Секогаш човекот треба себеси да се смета за ученик. Целиот живот може да се учи бидејки, науката е непресушен извор, а животот е многу разнобличен, двигателен и променлив. Се учи и од повозрасни и поискусни, а човек не треба да има стереотип да учи и од помлади едуцирани во новата информатичка ера и на новите општествени вредности, значи размената на знаење и искуство мора да биде еден постојан непрекинат процес на соработка помеѓу колегите.

Gostivarpress.mk: Според вас, дали постои еднаквост во општеството меѓу мажите и жените, во однос на условите за образование, напредување, градење кариера итн…

Туксар Лотеска: Хипотетички во секое демократско општество воспоставување еднаквост меѓу жените и мажите е предизвик. Да, постои нееднаквост, но таа не е поради разлика во полот. Разликите се прават во интелектуалната и физичката подготвеност потребни за извршување на одредена задача. Разликите ги прават стереотипите во заедницата, односно одредена социјална средина. Клучен фактор се семејството и општеството кое ве штити легислативно со законски правни инструменти. Медиумската борба во надминување на било какви родови разлики е меродавен фактор во пренесување на вистината дека во родово еднакво општество ќе се има можност за поголем општествено-економски напредок за нас и идните генерации, односно оживотворување на сите напредни современи општествени процеси во кои жената мора да биде на исто ниво со мажот, па дури и во афирмација на т.н.,,Современо семејство,,.  Во нашето општество  улогата на жената во семејството и општеството треба да е на најреспектабилно ниво, бидејќи етички покрај работните професионални активности, таа се уште во најголем дел е личноста која се справува и со поголем дел од активности поврзани во грижата за децата и придржување кон норми на т.н.,,Традиционалното семејството,, или дел од негови морално застапени елементи во денешното општество. Овде, треба да се нагласи и никогаш не смее да се занемари нејзината биолошка предодреденост како мајка и хранителка. Повторно ќе нагласам дека семејството е првиот фактор, а општествената заедница е таа која ги гарантира правата кои треба да ги оствари лице од женски пол уште од училишната клупа, па се до време кога треба да се реализира нејзиниот професионален план. Градењето кариера не е заслуга само на една личност. Тоа е сплет на околности во кои во ниеден случај не е исклучена поддршката од семејството, тимот и општеството.

Gostivarpress.mk: Кои ви се најголеми предизвици на работното место?

Туксар Лотеска: На работното место за мене најголем предизвик беше да стекнам доверба и авторитет кај моите почитувани колеги. Работев со голема мотивација и посветеност, а довербата од колективот секогаш ми даваше се поголем ентузијазам и желба за реализирање на секојдневните, понекогаш и напорни работни задачи како и во новите работни предизвици.  Сега ми е предизвик да реализирам што повеќе тимска работа со размена на знаење и споделување на искуствата во работењето помеѓу сите субјекти во колективот. Јас претпочитам да работам заедно со колгите во заедничка работна просторија на која начин се зближуваш со колективот не само професионално туку и лично. На овој начин сметам дека расте повеќе довербата меѓу луѓето и тие се повеќе се запознаваат, се почитуваат во нивните разлики и се поддржуваат покрај во нивните професионални дури и во индивидуалните интенции. Не е исклучено и пријателското и несебично однесување меѓу колегите кое го прави ,,Тимот,, да наликува на едно ,,Професионално семејство,, кое мора да го оправда својот ангажман, да исфрла и филтрира аномалии, со големо почитување кон сите индивидуалности,  а сепак со заеднички приоритети во работата и професионална искреност во експонирање на субјектот кој ќе обезбеди тимот да биде истакнат и успешен во работата.

Gostivarpress.mk: Како жена на кој начин успевате да ги балансирате обврските на работа и во домот, со семејството… Која е тајната, ако така може да се каже, да се најде време за се?

Туксар Лотеска: Нема тајна! Постои нешто што се вика решителност за самопожртвуваност. Можеби нелогично за многумина од  личен аспект на перцепирање на нештата, но јас често се жртвувам себеси за да не ги запоставам двете круицијални работи во мојот живот: семејството и работата. Понекогаш изморена и себезапоставена можеби ќе почувствуваш дека те прострелуваат нечиви погледи и трпиш критики, но верувајте тој сладок замор и жртва посветена со голема љубов ве прави уште похрабри и посилни да стремите напред кон иднината. Зад секоја личност сепак остануваат нејзините остварувања па дури и да се секојдневни и најскромни во однос на просечните. За жената со обврски често огледалото не е само имагинарна слика на нејзината физиономија, туку задоволство е да погледа во тоа што посредно го создава околу себе со нејзиниот труд, со многу љубов и трпение. Сепак, никогаш не треба да се откаже ниту една жена во слободно време да се посвети на себеси и своите лични задоволства кои ја исполнуваат.

Gostivarpress.mk: Со што го исполнувате слободното време? Љубител сте на литературата, пишувате поезија… кажете ни нешто околу тоа.

Туксар Лотеска: Во слободно време јас обожувам да направам кратка прошека во природа, па нека е тоа и парк или покрај кејот на реката Вардар. Природата ме инспирира многу за да го пренесам субјективниот став кон нештата на хартија. Претпочитам да прочитам некој роман, некоја убава лектира за човечкиот живот и да размислувам на темата на авторот. Сакам да пишувам поезија која е одраз на мојот чист субјективизам, слика на тоа што јас сум го видела од мој аспект кон нештата или тоа што сум го почувствувала, а дел од него сакам да го поделам со тие што што ќе посакаат да го прочитаат ,,минатото,, можеби во ,,идината,,.

Gostivarpress.mk: Ваше мислење, како треба да се слави, одбележува 8 Март?

Туксар Лотеска: Според мене 8 Март треба да се прославува како празник. На овој свечен ден со посебен пиетет треба да се експонираат заслугите на жената во современото општество. Да се пофалат сите поединци кои имаат удел во заштита на веќепостоечките права, нивно комплетно имплементирање од законски рамки во стварниот живот, унапредување на нови права на жените во општеството, па и на глобално ниво. Да се следат и експонираат сите заслужни личности и да им се обезбеди поголема афирмација на борците на т.н. ,,Права на жената,,. Сметам дека на сите ни се познати причините поради кои на овој ден треба особено да се искаже почит кон секоја девојка и жена, а секој друг ден да и се дава љубов и поддршка за да знаат дека се посебни, исклучителни, потребни и несекојдневни. Таква е женската природа. Таа во секое време е спремна да се жртвува себеси Жената е силно битие, но длабоко во нејзината душа чувствува потреба да и се укаже внимание и нежност.

Gostivarpress.mk: Порака што сакате да ја упатите до сите девојчиња, девојки, жени, мајки, тетки, баби…

Туксар Лотеска: Никогаш да не изгубат од предвид дека се подеднакво важен двигател во сите сфери на општеството. Ноторен факт и круна на женственоста за мене е тоа дека сите нас не‘ родила мајка. Се што создала природата, никој нема право да го дискриминира, а најмалку самиот себеси. Сите девојчиња, девојки и сите жени треба да знаат дека треба да инвестираат во своето здравје, да инвестираат во стекнување на индивидуални и колективни знаења со соодветна едукација и многу меродавна пракса. Да се почитуваат себеси какви што се, да ги почитуваат сите останати личности и да бараат да бидат испочитувани во нивните одлуки и желби, да бараат да бидат поддржани и потпомогнати во остварување на нивните лични и колективни права, да ги прифатат предизвиците и да се заложат во нивно реализирање. Секоја жена да изнајде начин да биде сакана и почитувана. Да се оградат од било какви форми на дискриминација и насилство и храбро да чекорат напред кон иднината со дигната глава со единствена мисла дека тие сакаат, можат и се подготвени да чекорат по патот поддржани од семејството, пријателите, колегите и воопшто сите фактори во заедницата во остварување на зацртани цели и идни успеси.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 минути

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 39 минути

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 3 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена