Гостивар
Осмоодделенката Ева од Гостивар со прва награда на конкурс од МОН

Ева Дејановска ученичка во осмо одделение во гостиварското основно училиште „Мустафа Ќемал Ататурк“ доби прва награда за поетска творба на конкурс објавен од Министерството за образование, по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески.
Првонаградената песна на Ева во конкуренцијата на осмоодделенци, носи наслов „Со почит кон Блаже Конески”.
„За мене оваа награда претставува големо изненадување, но и задоволство. Овој конкурс особено ме израдува бидејќи Блаже Конески е една од најзначајните фигури во историјата на македонскиот литературен јазик и творештво. Со мојата творба сакав да оддадам мало, скромно признание кон неговото дело и да изразам восхит од убавината на неговите стихови. Самата можност да напишам творба посветена на Блаже Конески, за мене е огромна чест. Песната е напишана како акростих, со алузии на негови стихови од песните:”Везилка”, “Тешкото”, “Стерна”, “Убавите жени”и други и неговото влијание врз љубителите на пишаниот збор. За мене, Блаже Конески е неисцрпен извор, ненасушна инспирација.“, вели осмоодделенката.
Ева пишува од својата седма година и е добитник на повеќе награди и признанија: Признание за творба на литературниот конкурс Творам за Македонија (Меморијален центар фондација- Никола Кљусев, Скопје, 2016 год.), I награда за расказ на поетската манифестација Млади творци, 2017, III награда за песна на поетската манифестација Млади творци, 2017, II награда на конкурс по повод Денот на големите просветители, Св.Кирил и Методиј, 24 мај,(Академија Еуроарт-Штип, 2017), III награда на литературниот конкурс во рамки на Вело Родео Турнеја, 2019 итн.
Наградата од Министерството за образование се состои од книги, а свеченото доделување ќе се организира на настан по повод чествувањето на 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески.
(извадок од наградената песна)
Едни убавици прецутувале, велиш, ко мајски јоргован.
Сепак, чинам, убавината зборовна е вечна, непресушна,
Кога стих твој читам, се восхитувам, збор моќен ко боздоган.
Инспирација си ми, поету скапоцен, инспирација ненасушна.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава