Гостивар
Основци честеа благо за Рамазан Бајрам на плоштадот во Гостивар
Минувачи на градскиот плоштад во Гостивар денес имаа можност да се заблажат со надалеку познатата гостиварска баклава и други десерти, кои вообичаено се послужуваат за муслиманскиот празник Рамазан Бајрам. Благите специјалитети ги подготвија и ги делеа ученици од основните училишта во Гостивар, задно со нивните родители и наставнички.
Настанот беше организиран во соработка со локалната самоуправа како активност преку која се прикажува традицијата на прославување на празникот.
„По повод празнувањето на празник Бајрам учениците денес на граѓаните им делат баклава и друго благо, кое обично се послужува на гости кога доаѓаат за празникот. Сметаме дека ова е добар начин да се покажат традициите и да се вклучат децата во една активност што е позитивна и во празнична атмосфера“, рече Аслијан Снопче, раководителка на општинскиот Сектор за образование.
Рамазан Бајрам се смета за еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и за телесно прочистување. Следува по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија