Гостивар
Основци во посета на Општина Гостивар
Ученици од гостиварските основни училишта периодов се гости во општината, преку организирани посети со своите учителки. Имаат можност да се запознаат и да поразговараат со градоначалникот Арбен Таравари, кој од љубопитните деца добива и многу прашања.
Утрово Општина Гостивар ја посетија ученици од четвртите одделенија на OУ „Единство“, а пред два дена, исто така четвртооддеенци од ОУ „Гоце Делчев“.
„За време на посетата,учениците одблиску се запознаа со работата на општината и ги посетија работните канцеларии, каде се сретнаа и со градоначалникот Таравари и имаа можност да се поздрават и да поразговараат за прашања кои ги засегаат децата.“, соопштија од општинската служба за информирање.
Домаќините ги прошетаа учениците и во салата на Советот на Општина Гостивар, каде се информираа за работата на ова тело седејќи токму на столчињата на советниците.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар