Гостивар
Основците во Гостивар се вратија во училиште, средношколците 2 недели онлајн

Со приеми на првачињата, делење на учебници, информативни средби и запознавање, денес започна учебната 2020/2021 година. Согласно одлуката на Владата, во Гостивар настава со физичко присуство ќе одржуваат само основните училишта, додека средните почнуваат со учење на далечина. Во дворовите на основните училишта, првоодделенците во придружба на родителите возбудено и со радост го започнаа своето прво училишно искуство. Според податоците од општината, во основните училишта на гостиварска територија запишани се 633 првачиња.
За сите ученици, како и за просветниот кадар и училишните управи следува школска година со многу предизвици. Треба да се почитуваат строги правила и протоколи, да се носат маски, децата да не се групираат, да се држат на растојание, да им мери температура на влез во објектот, училниците да се дезинфицираат и проветруваат често итн.
Средните училишта во Гостивар ќе одржуваат настава преку интернет во период од две недели, а потоа ќе се донесе нова одлука зависно епидемиолошката состојба со ковид на подрачјето.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја