Гостивар
Основната каматна стапка се намалува од 2,25% на 2%
Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка донесе одлука за намалување на основната каматна стапка.
„Врз основа на оцената на постојните економски и финансиски услови, како и на присутните ризици, Комитетот оцени дека постои простор за натамошно олабавување на монетарната политика, при што беше одлучено основната каматна стапка да се намали за 0,25 процентни поени, односно од 2,25% на 2,00%. Понудата на благајнички записи за аукцијата којашто ќе се одржи на 15 јануари 2020 година e задржана на нивото од 25.000 милиони денари. Одлуката за намалување на каматната стапка се темели на постојаните поволни движења на девизниот пазар, што доведе до поголем раст на девизните резерви од очекуваниот, што, пак, упатува на отсуство на притисоци во надворешниот сектор и стабилни согледувања на домашните субјекти. Истовремено, тековните движења укажуваат на умерен раст на домашните цени, а со тоа и отсуство на ценовни притисоци.“, соопшти Народна банка.
Во однос на најновите макроекономски показатели за домашната економија, Комитетот оценил дека економскиот раст остварен во првите три квартали од 2019 година, од 3,6%, е во согласност со проекциите за овој период од годината, а расположливите високофреквентни показатели за октомври-ноември се во согласност со очекувањата за поумерен економски раст во последниот квартал од годината.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар