Поврзи се со нас

Гостивар

Основниот суд Гостивар оценет како ажурен, лани решени биле 35.435 предмети

Објавено

на

Според годишниот извештај за работата на судовите на Судскиот совет во 2022 година од вкупно 27 основни судови низ земјава ажурни се 14, а неажурни 13. Ваквата оценка е врз основа на разликата меѓу бројот на примени и решени предмети во годината. Односно судовите кои решиле повеќе од примените предмети во текот на годината се ажурни, додека, тие кои не успеале и го зголемиле бројот на заостанати предмети се неажурни.

Па така, меѓу најажурните, односно најмногу е намален бројот на заостанати предмети во ОС Гостивар – 649, така што секој активен судија во просек завршил 1 968 предмети, додека меѓу неажурните, како што е ОС Тетово, иако решил 3 906 предмети по судија, сепак е неажурен и заостанал за 1 223 предмети.

Ако се земе по апелациони подрачја најажурно е апелационото подрачје Гостивар каде секој активен судија решил во просек по 2 829 предмети, но, истовремено тоа е и едно од најпополнетите апелациони подрачје со 65 проценти пополнетост и 13,7 активни судии на 100 илјади жители.

На ниво на држава во просек секоја активен судија низ основните судови во 2022 година решил во просек по 2 133 предмети, во ОС Ресен, кој е оценет како ажурен, секој судија решил во просек по 1 419 предмети, додека во ОС Битола, кој е оценет како неажурен, секој судија решил по 2 320 предмети.

Пописот во 2021 година, отвори и едно друго прашање, а тоа е поставеноста на судската мрежа во земјава. Така, ОС Гостивар има по 21,2 судии на 100 илјади жители и е ажурен, додека ОС Прилеп со 6,8 судии на 100 илјади жители и е неажурен.

Од сите основни судови во 2022 година, само еден работел со 100 процентна пополнетост по ситсематизација. Тоа е ОС Неготино кој по систематизација требало да работи со пет судии и според Годишниот извештај на Судски совет имал пет активни судии. Секој судија во ОС Неготино во просек решил по 1 419 предмети и на крајот од годината овој суд го намалил бројот на предмети за 318. За споредба, во ОС Струга секој судија решил во просек по 2 718 предмети, но сепак на крајот од годината бројот на нерешени предмети се зголемил за 1 259.

Во 2022 година во основните судови низ земјава имало вкупно 288 активни судии, што значи дека секој во просек опслужувал по 6 364 жители или во просек имало по 15,7 судии на 100 илјади жители.

Во просек сите основните судови на ниво на државава во 2022 година работеле со двајца од тројца потребни судии по систематизација, односно од предвидените 456 судии по систематизација пополнети биле околу 63 проценти.

Судскиот совет како причина за намалувањето на судиите ги наведува природниот одлив поради исполнување на условите за старосна пензија, како и немањето законски услови за избор на нови судии со оглед дека нема кандидати кои ја завршиле Академијата за судии и јавни обвинители.

Бројот на судии во земјава е во постојан пад во последните неколку години од 499 во 2019, на 493 во 2020, 473 во 2021, на 449 судии во 2022 година.

Судовите од Апелационо подрачје Гостивар 2022 година ја започнале со нерешени 12 869 предмети, а примиле нови 125 827 предмети. Решиле 124 490 предмети, а останале нерешени 14 206 предмети. Со пополнетост од 64,7 проценти и решени во просек по 2 829 предмети по судија основните судови на апелационо подрачје Гостивар не успеале да го совладаат приливот на предмети во 2022 година и го зголемиле заостатокот за 1 337 предмети на ниво на апелационо подрачје. Од вкупно четири основни судови на ова подрачје половината се оценети како ажурни, а половината како неажурни.

Основниот суд Гостивар 2022 година ја започнал со 7 483 нерешени предмети, во работа примил 34 786 предмети. Од овој фонд за работа решени се 35 435 предмети, а останале нерешени 6 834 предмети. Според тоа го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот за 649 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Гостивар се оценува како ажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 24 судии, од кои пополнети се 18 судиски места, односно во 2022 година работел со 75 проценти од потребниот број.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Гостивар активни се 17 судии, од кои еден е избран за претседател на судот. Позициите на двајца се во мирување. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 5.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 112 лица.

ОС Гостивар, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 84 654 жители. Според тоа ОС Гостивар во 2022 година имал еден судија на 4 703 жители, или околу 21,2 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Дебар 2022 година ја започнал со 492 нерешени предмети, во работа примил 10 843 предмети. Од овој фонд за работа решени се 10 925 предмети, а останале нерешени 410 предмети. Според тоа го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот за 82 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Дебар се оценува како ажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 5 судии, а во 2022 година работел со 60 проценти од потребниот број, односно со пополнети 3 судиски места.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Дебар активни се 3 судии, од кои еден е претседател на судот. Исто така, на еден судија од овој суд позицијата е во мирување. Согласно тоа, има едно испразнето место.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 26 лица.

ОС Дебар, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 19 132 жители. Според тоа ОС Дебар во 2022 година имал еден судија на 6 377 жители, или околу 15,6 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Кичево 2022 година ја започнал со 2 513 нерешени предмети, во работа примил 20 371 предмети. Од овој фонд за работа решени се 19 526 предмети, а останале нерешени 3 358 предмети. Според тоа не го совладал приливот на предмети и го зголемил заостатокот за 845 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Кичево се оценува како неажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 13 судии, додека во 2022 година работел со осум судии, односно пополнетост од 61 процент.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Кичево активни се 6 судии, од кои еден е претседател на судот. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 7. Иако двајца судии ќе треба да одат во пензија, нема огласени места.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 63 лица.

ОС Кичево, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 49 780 жители. Според тоа ОС Кичево во 2022 година имал еден судија на 6 222 жители, или околу 16 судии на 100 000 жители.

Основниот суд Тетово 2022 година ја започнал со 2 381 нерешени предмети, во работа примил 59 827 предмети. Од овој фонд за работа решени се 58 604 предмети, а останале нерешени 3 604 предмети. Според тоа не го совладал приливот на предмети и го зголемил заостатокот за 1 223 предмети.

Во 2022 година Основниот суд Тетово се оценува како неажурен.

По систематизација во овој суд се предвидени 26 судии, од кои во 2022 година пополнети биле 15 судиски места, што значи дека работел со околу 57 проценти од потребниот број судии.

Според податоците од Судскиот совет, заклучно со 6 март годинава во ОС Тетово активни се 14 судии, а позицијата не еден е во мирување. Согласно тоа, бројот на испразнети места е 11, а објавен е оглас за еден судија. Двајца судии, исто така, ќе треба да одат во пензија.

Вкупниот број на вработени во судот задно со судски службеници, технички службеници и припадници на судската полиција и работници изнесува 139 лица.

ОС Тетово, според пописот во 2021 година опслужувал вкупно 166 898 жители. Според тоа ОС Тетово во 2022 година имал еден судија на 11 126 жители, или околу 9 судии на 100 000 жители.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена