Вести
Основните потреби за едно семејство чинат 520 евра месечно
За да ги задоволи основните потреби за храна, сметки, одржување на домот и слично, на четиричлено семејство во Македонија, му се потребни околу 32 илјади денари месечно. Минималната кошница ја изработи Сојузот на синдикати на Македонија и се однесува на последниот месец од минатата година.
Според нивните пресметки, најмногу пари од семејниот буџет одат за храна и пијалоци, вкупно 13.174 денари. На второ место се сметките за струја, вода и дури услуги со 10.454 денари. За одржување на личната хигиена и чистење на домот, се трошат околу 2.200 денари месечно, а околу 100 денари повеќе одат за превоз. Интересно е пресметката на Синдикатот за купување облека и обувки, според која за оваа намена сумата изнесува 2.133 денари за еден месец. Најмалку пари, семејствата издвојуваат за здравјето, 678 денари. Износот што го трошат за култура е 1.070 денари.
Синдикалната кошница се однесува на домаќинство со 4 члена, кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград