Поврзи се со нас

Гостивар

Основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар го прослави патрониот празник

Објавено

на

    Традиционално, со положување на цвеќе на бистата на великанот Гоце Делчев и културно-уметничка програма, основното училиште во Гостивар што го носи името на овој македонски револуционер го прослави патрониот празник, 4 мај.

    „Гоце Делчев е револуционер на балкански размери, нему му е туѓ секаков национализам и шовинизам. Тој мечтае за балканска федеративна република, како највисок дострел на збратимувањето на балканските народи. Гоце високо го издигнува неговиот интернационален и космополитски поглед. „Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите“ – оваа мисла го вбројува Гоце во редот на светските хуманисти. Оваа порака до денес не изгубила од својата актуелност. Гоце е најпрепознатливата фигура на македонската револуционерна организација кој со својот авторитет успеал да ја прошири мрежата на организацијата и до најмалите места во Македонија“, беше истакнато на свеченоста.

    Културно-уметничкиот дел од прославата беше исполнет со реферат и рецитации посветени на ликот и делото на Гоце Делчев, како и со музички изведби на талентирани ученици и традиционални ора и песни.

    Со оглед дека денеска е 5 мај-Ден на македонскиот јазик, беше искористена прилика да се направи и потсетување за вредноста на македонскиот јазик и писмо.

    Во основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар настава следат над 1.140 ученици во паралелки на македонски и на албански наставен јазик.

     

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена