Поврзи се со нас

Гостивар

Осомничен за кражби по куќи во Гостивар и Тетово доби притвор

Објавено

на

Судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар вчеравечер му определи осум дневен притвор на 47 годишниот З.С. од гостиварско Чегране.

„Тој завчера попладне беше лишен од слобода од полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар, а се сомничи за извршени вкупно 12 кражби и тешки кражби годинава на подрачјето на Гостивар и Тетово. Најголемиот број од кражбите ги извршил во приватни куќи. Чегранецот З.С. ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Скопје” за издржување на мерката притвор.“, извести СВР Тетово.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена