Гостивар
Осомничените за автобуската несреќа на распит во Кривичниот суд
Во Кривичниот суд во Скопје, тече распитот на лицата кои беа приведени утрово, како осомничени за трагичната автобуска несреќа од 13 февруари.
Јавното обвинителство побара притвор за шест лица кои се осомничени за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, и мерки на претпазливост за едно лице, осомничено во случајот за несовесно работење во службата. Според последните информации, ова лице било сослушано и изречени му се мерки на претпазливост. За останатите, судија на претходна постапка допрва ќе одлучува дали ќе го прифати барањето на обвинителството за притвор.
Како што претходно денес соопштија од Јавното обвинителство, главни причини за кобната автобуска несреќа биле недозволената брзина и неисправноста на сопирачките. Приведени се седуммина, меѓу кои сопственикот на Дурмо Турс, раководителот на компанијата, возачот и вработени во станицата за технички преглед.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар