Гостивар
Останаа само 4 гинеколози во болницата во Гостивар, мака мачат да ги покријат потребите

Се преполови бројката на лекари специјалисти на гинекологија во болницата во Гостивар. Од осум гинеколози, колку што беа на одделението, четворица се пензионираа. Сега целата професионална грижа за пациентките, породувањата и оперативните гинеколошки зафати останаа на четири доктори.
„Двајца гинеколози, д-р Сеаре Османи и д-р Јамин Ајадари се пензионираа неодамна, а претходно во пензија заминаа и докторите Ацо и Фадил, така што сето тоа што порано го правеа 8 лекари, падна на грб на четворица. Се мачиме да се покриваме еден со друг, и веќе го чувствуваме заморот. И по 24 часовно дежурство, наместо да си одиме дома, остануваме дополнително на работа, некако да се организираме за да се заврши се‘ што е потребно. Ова е навистина алармантна состојба“, вели раководителот на гинеколошко-акушерското одделение во Гостивар д-р Агим Јакупи нагласувајќи дека за проблемот алармирал повеќе години наназад, а сега ескалира.
„Колку ќе трае ова навистина не знам. За проблемот сум укажувал години наназад, дека кадрите требаше да се подготвуваат порано, треба 5 години специјализација, па две години тој лекар да се вклопи во работата, да добие сигурност и самостојност. Сме кажувале милион пати во Министерствто, но се чини никој не обрнува внимание. Не гледам друго чаре, освен да доаѓаат некои лекари од друг град, ама колку е и тоа изводливо и какво решение е. За сега, ни останува да се мачиме на ваков начин“, вели д-р Јакупи.
Што се однесува до средно мдицинскиот персонал, реководителот оценува дека има доволно сестри на одделението.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022