Поврзи се со нас

Свет

Осум децении од победата над фашизмот: Русија утре слави, Европа денес

Објавено

на

    На денешен ден пред осум децении, со капитулацијата на нацистичка Германија, беше означен крајот на Втората светска војна во Европа. Денес, 8 мај, во повеќе европски држави се одбележува Денот на победата во Европа (VE Day), додека Русија утре, на 9 мај, ќе ја одбележи 80-годишнината од победата над фашизмот со традиционална воена парада во Москва.

    Овој ден се смета за еден од најзначајните државни празници во Русија, со длабока историска и симболична вредност. Советскиот Сојуз поднесе огромни жртви во борбата против нацистичка Германија, и поради тоа Денот на победата има особено место во колективната меморија на народот.

    Иако првично капитулацијата беше потпишана на 7 мај во Ремс, Франција, Советскиот Сојуз инсистираше на ново потпишување во Берлин, на 8 мај навечер, што по московско време веќе беше 9 мај. Така, Западот го одбележува 8 мај, додека Русија и нејзините сојузници – 9 мај.

    Во Русија, воената парада на Црвениот плоштад останува централен настан. Освен воените единици, на парадата учествуваат и ветерани, официјални лица и странски делегации. Годинава, парадата се одвива во сенка на зголемени тензии и засилени безбедносни мерки, откако се појавија извештаи за украински саботажи и кибер напади насочени кон воената инфраструктура.

    Истовремено, Европа се фокусира на сеќавањето и почитта кон жртвите. Во Лондон и други главни градови ќе се одржат комеморации, со минута молк и пригодни церемонии.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 8 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 11 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 12 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Македонијапред 16 часа

    За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

    Македонијапред 17 часа

    Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

    Гостиварпред 19 часа

    Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

    Гостиварпред 21 час

    Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

    Светпред 22 часа

    Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

    Видео емисиипред 1 ден

    ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена