Гостивар
Осуммина приведени во Гостивар и Тетово – не ја почитувале забраната за движење
Според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово по однос на забраната за движење, во текот на изминатото деноноќие евидентирано е дека на ова подрачје 8 лицa (Tетово-6 и Гостивар-2), не ја почитувалe забраната за движење. Тие биле лишени од слобода и ќе им бидат поднесени соодветни пријави за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
Исто така, според статистичките податоци на СВР Тетово, во изминатото деноноќие нема нови лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, а изјави за самоизолација потпишале вкупно 4 лица, сите во Гостивар.
Во овој период контролирани се 115 лица на тетовското и 9 лица на гостиварското подрачје со решeнија за изолација и 35 лица во Тетово и 37 лица во Гостивар со потпишани изјави за самоизолација и не се евидентирани прекршувања. Немало ниту предупредувања за неносење на заштитни маски.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар