Гостивар
Осветен и поставен крст на црквата „Свети Илија“ во Стенче

На црквата „Св. Илија“ во селото Стенче денеска се освети и се постави крст. Чинот на осветување на новопоставениот крст го изврши Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво.
Митрополитот г. Јосиф се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, во која меѓудругото нагласи:
„За силата и значењето на светиот крст говореле многу свети отци. Св Никодим Светогорец вели: „Гледајќи го крстот, постојано мисли дека тоа е знаме на нашето духовно војување, во кое е скриена сепобедната сила, и дека ако се оддалечиш од него, тогаш ќе бидеш предаден во рацете на своите непријатели, а ако бидеш под него, тогаш ќе го достигнеш небото и ќе влезеш во него во преславното празнување“. Често и во комуникацијата на нашиот народ може да ги забележиме зборовите „Секој со својот крст“, кои асоцираат на животните страданија на секој еден од нас. Но запаметете дека без страдање и смрт – нема воскресение. Затоа да не се плашиме од страдањата, и да го носиме својот крст постојано, бидејќи според Христовите зборови: „кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене“ (Матеј 10,38). Самиот Христос нè повикува да го носиме крстот свој, но со тој повик, треба да се сетиме дека ние сме повикани својот крст преку следење на Христа да го преобразиме во Крст Христов. Тоа значи својот живот да го уподобиме на Христовиот живот, бидејќи секое друго носење на крстот во животот – ако не е пропратено со следење и уподобување на Христа е неплодно и залудно.Нека е за многу години! Под крстното знамение во овој храм овде во с.Стенче секогаш да наоѓате утеха. И знам дека наоѓате утеха, бидејќи тоа го потврдувате со вашата жива вера и љубов кон Бога и црквата. Бидете благословени. Крстот секогаш да ве штити вас и вашево преубаво Стенче.“
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос