Поврзи се со нас

Гостивар

Осветен новиот храм во Стенче: „Дом на молитва, парче небо на земјата“

Објавено

на

Духовна исполнетост и радост во полошкото село Стенче. Денес беше извршено големо осветување на новоизградениот манастирски храм посветен на Св.велокомаченица Екатерина. Чинот го изврши Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф, кој по  осветувањето во сослужение на свештенството на тетовското намесништво богослужеше света литургија.

Во својата проповед  митрополитот г .Јосиф нагласи:

„Овој храм почитувани, веќе со чинот на денешното осветување е дом Господов, дом за молитва и како таков преставува „парче небо на земјата“ во кое сите ние „оскребени и обременети“ од животните грижи со влегувањето во него и со молитва кон светaта Екатерина патронот на овој храм, повторно и секогаш ќе ја враќаме утехата, верата, надежта и љубовта во нашите срца. Денешниот ден е вистински празник за секој еден човек во ова место. Радоста кога човек ќе го погледне овој веќе осветен храм е навистина голема, а голема е затоа што Бог го благослови ова дело по вашиот труд и молитви.Денес овој храм, кој беше целосно завршен и подготвен за осветување – со чинот на осветувањето и со полагањето на свети мошти доби душа и постана црква, во која и во иднина посакувам во толкав голем број како денес, масовно и активно да учествувате на светите богослуженија и на тој начин да допринесете овој храм да се развива и да биде едно молитвено катче, каде сите ние заедно како црковна заедница ќе го слушаме Божјото слово, каде ќе се молиме на Бога и каде како круна на нашиот подвиг и духовен живот, причестувајќи се со Светите тајни, ние ќе го предвкусуваме Царството Божјо.Нека ни е честито осветувањето и нека овој храм биде вечен кораб на нашата сигурна пловидна кон Божјото царство! Амин! На многу години!“

фото: тетовско-гостиварска епархија

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена