Гостивар
Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Радосен ден за православните христијани во Гостивар. Празникот Богојавление – Водици секогаш буди посебни чувства и духовна исполнетост кај верниците, донесува позитивна атмосфера, сплотеност и среќа. Така беше и денес од рано наутро, кога празнувањето отпочна во црквата Успение на Пресвета Богородица со света литургија и голем водосвет и продолжи преку останатите обичаи кои Гостивар ги негува на овој голем христијански празник.
Студеното време не ги спречи гостиварци во голем број да бидат дел од одбележувањето на Водици. Ги имаше од мали дечиња, до баби и дедовци. Манифестацијата годинава се организираше по единаесетти пат од возобновувањето на традицијата.
На чело со свештените лица од гостиварското архијерејско намесништво и годинешните кумови на Водици, литијата тргна од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и преку централното градско подрачје се движеше до малиот мост на Вардар, пеејќи ја песната „Во Јордање“.
Таму беше извршен чинот на осветување на водите на Вардар, по што светиот крст беше положен во реката. Во вадењето на крстот учествуваа триесетина момчиња, меѓу кои и 6 годишниот Драган. Како што веќе информираше Gostivarpress.mk најсреќен беше Предраг Димоски, кој го извади крстот од осветената река. Од останатите учесници и насобраниот народ доби честитки и желби за здравје, среќа и бериќет.
Од Иницијативниот одбор за прослава на Водици во Гостивар искажаа задоволство и благодарност до граѓаните кои беа дел од одбележувањето и придонесоа за масовност на манифестацијата.
Богојавление народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Празникот се однесува на настанот на Христовото крштевање во реката Јордан од страна на Свети Јован Крстител, кој уште кој уште се вика и Претеча што значи претходник. Тој со своето учење одел пред Исус, што значи му претходел на Исус и затоа е наречен Претеча. Св. Јован го повикувал народот на покајание и му кажувал дека е дојдено времето кога ќе се појави Спасителот на Светот. Притоа луѓето ги крштевал со вода и им кажувал дека тој што ќе дојде по него ќе ги крсти со Свет Дух.
Бог се јави – Навистина се јави!
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо