Гостивар
Освежување со течности и совети против жештините за гостиварци

Македонија деновиве е погодена од топлотен бран со многу високи температури и јако УВ зрачење. Екстремните горештини носат низа ризици за здравјето на луѓето, особено за ризичните категории како постари лица, хронично болни, трудници и слично.
Ова беше повод здружението на граѓани „When in Trouble“ од Гостивар да организира превентивна активност во централното градско подрачје, да ги потсети граѓаните на начините на заштита при топлотни бранови и да им подели вода и сок како освежување.
„На минувачите им делиме летоци со совети за претпазливост при овие високи температури, да пијат доволно течности, да носат светла облека, да не излегуваат надвор без потреба и да избегнуваат напорни физички активности во најтоплиот период од денот, да јадат полесна храна итн. Исто така им делиме вода и сок за да се освежат барем малку на жешкото време“, кажа Билјана Беловинова, претседателка на здружението.
Според прогнозите на метеоролозите времето ќе биде многу топло и во следните денови, со максимални температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос