Занимливости
Откачени пијалоци низ светот

Голем дел од пијалаците имаат светска слава, иако и не ги конзумираме сите, за поголем дел од нив сме слушнале. Но, постојат и такви кои се навистина уникатни и посебни и за кои ретко се слуша. Овие се дел од нив.
Пиво од верверица – Шкотска
Ова шкотско пиво се прави како и сите други пива, но се точи во посебна амбалажа. Станува збор за амбалажа која личи на верверица. Производител е шкотската компанија „BrewDog“.
Оризово вино од змија – Виетнам
Кобрата не е на списокот на вкусни специјалитети, но ова популарно оризово вино привлекува многу внимание. Не се загрижувајте – дејството на алкохолот е силно и го неутрализира отровот на змијата, така што можете слободно да пиете.
Вино од морски галеби – Арктик
Се подготвува од мртви морски галеби кои се ставаат во шишиња со вода. Се остава да ферментира. Интересно е дека е доста евтино и е еден од ретките начини да се загреете во овие предели.
Вотка од скорпија – Англија
Можеби повеќето Англичани преферираат чаша џин со тоник, но оние кои бараат малку авантура нема да се согласат со тоа. За нив, постои вотка со жива скорпија. Интересно е дека оние кои сакаат чудни вкусови, ќе откријат дека скорпијата е мошне вкусна.
Вотка од бафало трева – Белорусија
Во Белорусија оваа трева се користи за дестилирање и добивање на вотка во која ужива локалното население.
Крикет коктел – САД
Овој коктел звучи интересно, но се добива со гарнирање со бамбус и штурци. Можете да го најдете во барот „White & Church“ во Њујорк.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите