Поврзи се со нас

Вести

Откриен нов потенцијално опасен астероид

Објавено

на

Меѓународен тим астрономи објави дека е откриен голем астероид чиешто движење ја пресекува Земјината Орбита. Ова значи мала можност за катастрофален судир, во подалечната иднина.

Астероидот широк 1,5 км. е наречен „2022 АП-7“. Тој е забележан заедно со два други НЕО-астероиди со помош на високотехнолошкиот телескоп „Виктор М. Бланко“ во Чиле. Околу 30.000 астероиди од разни големини се означени како „објекти блиску до Земјата“ (НЕО-а). Ниту еден од нив не е закана за Земјата следните 100 години. Новите сознанија се објавени во научното списание „Астрономикал журнал“ (The Astronomical Journal).

– Телото „2022 АП-7“ преминува низ орбитата на Земјата, што го прави можно опасен астероид, но во мигов или во иднина нема таква траекторија што би предизвикала тоа да се судри со Земјата, изјави астрономот Скот Шеферд од Институтот за наука „Карнеги“ од САД.

Можната закана доаѓа од фактот дека, како и секое вселенско тело коешто орбитира, неговото движење ќе се менува поради бројни гравитациони сили. Затоа, предвидувањата се тешки.

Новооткриениот астероид е „најголемото тело, потенцијално опасно за Земјата, откриено последниве осум години“, според истражувачката група „НОИРЛаб“.

– Но, во случај на удар, астероид со оваа големина би имал разорно влијание врз животот каков што го знаеме. Прашината крената во воздухот ќе има голем ефект на ладење, предизвикувајќи изумирање што не е видено на Земјата со милиони години, истакна Шеферд.

Останатите два астероиди не претставуваат закана за Земјата, но едниот е најблискиот досега откриен астероид до Сонцето.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 6 минути

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 1 час

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 2 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 3 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 4 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 17 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 21 час

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 22 часа

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 23 часа

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена