Поврзи се со нас

Гостивар

Откривање табла, говори на бина и фотографирање за старт на западниот дел на Коридор 8

Објавено

на

На околу 35 минутна свечена церемонија со говори на функционери, откривање табла и фотографирање денес беше означен почетокот на изградбата на западниот дел на Коридорот 8.

Настанот се одржа на тетовска патарина, каде беше поставена голема бина за говорниците и столчиња и пултови за оние кои го следеа. Како што беше речено, изградбата на Коридорот 8 почнува со автопатот Тетово-Гостивар во должина од 17,5 километри.

„Модерен, современ автопат Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани, Требениште-Струга-Ќафасан, е реалност која денеска почнуваме да ја остваруваме. Со гео-стратешката позиција и Коридор 8 ние стануваме неизбежна транспортна рута како во регионот така и пошироко. Камен-темелникот на Коридорот 8 не е само почеток на нова патна инфраструктура, тоа е камен-темелник и на нови инвестиции, отворање нови пазари, можност за нови соработки како меѓу домашните, така и со меѓународни компании. Ова е почеток на сериозен стратешки и државнички подвиг, чија придобивка и благодет ќе ја гледаат сегашните и идните генерации. Коридорот 8 и Коридорот 10Д се најголемиот инфраструктурен проект досега во нашата држава во патниот сектор. До денес, овие два коридора биле само план на хартија, кој никогаш не бил реализиран од разни причини. Денес тоа се менува и започнува нивната реализација.“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

На церемонијата се обрати и Амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

„Ова е инвестиција во иднината на Северна Македонија и на сите земји поврзани со Коридорот 8 и пошироко. Подобрувањето на патиштата во Северна Македонија е од исклучително значење за економскиот развој. Развојот на оваа модерна патна мрежа ќе помогне да се движат луѓето, да се движат стоките и да се привлечат инвестиции. Добрите транспортни рути како Коридор 8 ќе и помогнат на Северна Македонија да ја подобри својата регионална интеграција и да изгради подобри односи со своите соседи“, рече Агелер.

Вице премиерот Артан Груби откако во својот краток говор упати низа благодарности, истакна: „Исклучително сум горд сум што конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе ги гради Коридорите 8 и 10д и што со нив одбележуваме еден голем настан во градежништвото во земјавата.“

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети рече дека овие коридори значат подобар живот за луѓето, можности за развој на економијата, како и поставување мостови меѓу целиот Балкан. „Тоа е голема работа која ќе биде во служба на зацрвстување на пријателства, соработки, економски текови“, кажа Ахмети.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ја нарече изградбата на Коридорите 8 и 10д најпредизвикувачки проект. „Ја испишуваме историјата на модерна просперитетна и модерна Македонија, овој камен темелник е доказ за посветената работа на институциите, за силната посветеност да се избориме и почнеме со реализација на најпредизвикувачкиот инфраструктурен проект до сега“, нагласи тој.

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари од говорницата изрази надеж дека работите ќе се одвиваат според планираното и со добар квалитет: „Се надевам дека компанијата ќе ги изведува работите онака како што се зборува за нив, дека се едни од најдобрите во регионот и очекувам што побрзо да можеме да уживаме во новиот пат, имајќи предвид дека секојдневно овој правец го минуваат околу 12.000 возачи“.

По говорите функционерите заедно ја открија таблата на која пишуваше „Поставување на камен темелник на проектот Коридор 8“, направија неколку заеднички фотографии, па се фотографираа и со другите присутни. Конкретни градежни активности немаше. Новинарски прашања на настанот не беа дозволени.

Изградбата на делницата Тетово-Гостивар во должина од 17,5 километри, според првичните пресметки, ќе чини 125 милиони евра. Останатите три делници од Коридор 8 опфатени со договорот со „Бехтел и Енка, чија вредност е 1,3 милијарди евра, без средствата за експропријацијата и проектирање, се Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена