Поврзи се со нас

Гостивар

Отворен ден: Граѓаните му ги кажаа своите барања и проблеми на Таравари

Објавено

на

Во Општина Гостивар денес беше организиран Отворен ден со граѓаните. Градоначалникот Арбен Таравари, заедно со раководителите на општинските сектори и директорите на јавните претпријатија, беа на располагање на гостиварци, кои дојдоа да ги искажат своите барања и проблеми со кои се соочуваат, а се во надлежност на локалната власт.

Граѓаните се обраќаа за различни потреби, но најголемиот дел се однесуваа на некои препреки во областа на урбанизмот.

„Јас имам средби со граѓаните секој вторник, но овојпат решивме тоа да го организираме на поинаков начин, како Отворен ден и овде да бидат сите раководители на секторите. Граѓаните ни објаснуваат што им е маката, а ние се обидуваме веднаш да реагираме и да го решиме нивното прашање. Ако не е можно веднаш, тогаш земаме контакти и работиме тоа да биде што побрзо, па да ги известиме. Со ова им даваме до знаење на граѓаните дека сме отворени за нив, да ги сослушаме нивните проблеми и дека сме транспарентни за нашата работа. Би им предложил на сите градоначалници да бидат со и до народот и да го сослушаат. Така се гради довербата. Таа бариера од предрасуди или претпоставки што ги има граѓанинот за вас како градоначалник, паѓа кога ќе седнете да разговарате еден наспроти друг“, изјави Таравари.

Денешниот Отворен ден во општината го искористија голем број граѓани, а градоначалникот најави дека вакви активности ќе организираат по два до три пати месечно.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена