Што, како, каде?!
Отворен ден на КК Гостивар за упис на нови членови во младинската школа

„Биди и ти КК Гостивар“ е мотото под кое кошаркарскиот клуб Гостивар, најави отворен ден за запишување на членови во Младинската школа на КК Гостивар.
Во вторник 27.08.2019, од 12 часот, во спортската сала Младост, КК Гостивар организира отворен ден за запишување во школата на клубот за сите деца, младинци кои сакаат да бидат дел од КК Гостивар и да тренираат кошарка.
Младите надежи ќе одработат тренинг со првиот тренер на гостиварци Марјан Србиноски, каде ќе можат да поразговараат и запознаат со сите предности кои ги нуди клубот.
Како и минатата сезона, така и оваа покрај сениорска во план е да има и младинска кошарка во Гостивар. Младински екипи на клубот ќе учестуваат во официјалните натпреварувачки лиги организирани од страна на КФСМ.
– Младинците ќе се селектираат според возраста, својата шанса ќе ја добие секое дете кое има желба да игра кошарка, втора година по ред ќе се натпреваруваме во официјалните младински лиги против врсниците од целата држава, со што гостиварските млади кошаркари ќе имаат можност да почуствуваат како е да се биде во натпреварувачки ритам и да патуваат и играат натпревари низ целата држава. Во младинската школа на нашиот тим, талентите ќе имаат одлични услови за напредување, современи методи на тренирање според претходно утврден план и програма во соработка со КФСМ, како и добро дружење и многу забава. Целта на овој не така мал проект е да им понудиме на младите вистински избор, да ги тргнеме од лошите навики и улицата и насочиме што повеќе млади луѓе од регионот кон спортот, т.е да им овозможиме на децата да бидат дел од сериозен клуб со сите придобивки кои следуваат, велат од КК Гостивар.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 3 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 2 месеци
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение