Поврзи се со нас

Гостивар

Отворен ден со ученички избори во основното училиште во Дебреше

Објавено

на

Основците од ОУ  „Фаик Коница“ во гостиварско Дебреше, од рана возраст учат да практикуваат демократија. Во ова училиште денес се спроведоа избори за претседател на Училишната заедница, на кои тројцата кандидати Арта Шабани, Бесиан Мемети и Нертила Шаќири на јавен настан пред соученици, наставници, родители и други гости, ги образложија своите програми, идеи и предлози околу прашања што ги засегаат учениците.

„Организирањето на ваквите избори се прави со цел да се поттикне и промовира демократски дух кај учениците. Ние и на часовите по граѓанско образование ги учиме демократските вредности и процеси, а навистина радува што кај децата постои голем интерес да учествуваат во овие настани и многу посветено работат на активностите“, рече координаторката Арта Шаќири, наставничка по граѓанско образование.

Изборниот процес помина според утврдените правила, а за претседател на Училишната заедница беше избран ученикот Бесиан Мемети.

Активноста беше организирана во склоп на Отворен ден во училиштето во рамки на проект што го спроведува Бирото за развој на образованието заедно со Македонскиот центар за граѓанско образование. Во овој проект на територијата на Општина Гостивар се вклучени осум училишта.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена