Поврзи се со нас

Гостивар

Отворен е тендерот – ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар ќе добие нов зелен кров

Објавено

на

Уште еден септември, учениците во основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар го дочекуваат со руиниран покрив. Сепак, оваа нова учебна година оправдано носи оптимистички изгледи, дека ова ќе биде последен септември во вакви услови. Им се гледа крајот на долгогодишните маки на децата кои следат настава во ова училиште, и на наставниците кои работниот век го поминуваат тука.

Новиот кров ќе се гради со заеднички проект на Општина Гостивар и УНДП. Тендерите за изведувач на работите, како и за фирма која ќе врши надзор се во тек.

„Ова е приоритет над приоритетите. Ветивме дека ќе го решиме и го решаваме. Од вкупната сума 300 илјади евра, ние како општина обезбедивме 100 илјади, додека 200.000 ги обезбеди  УНДП. До крајот на октомври ОУ „Гоце Делчев“ ќе има зелен кров, како ниедно училиште во земјава. Тоа ќе послужи најверојатно и како лабораторија за одржување на часови по биологија или како ботаничка градина. Тендерите и за изведувач и за надзор се веќе објавени.“, изјави градоначалникот Арбен Таравари.

Покривот на училиштето „Гоце Делчев“ е рак рана на гостиварското образование, за кое не е изнајдено решение со децении наназад. Кога врне дожд или при снег, дотраениот кров прокапува и  училниците на горниот кат од објектот се полнат со вода.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена