Поврзи се со нас

Македонија

Отворен конкурс „Цртај на македонски јазик“

Објавено

на

Министерството за култура информира дека е отворен конкурсот „Цртај на македонски јазик“ за 2023 година, наменет за млади автори и уметници од независната културна сцена. Целта на манифестацијата е преку различни културни активности да се поттикне создавањето дела со употреба на македонскиот јазик од страна на младите уметници и независната културна сцена, неформални групи и автори од областа на културата.

„ Првото издание на конкурсот, што успешно се реализираше минатата година, се покажа мошне провокативно за младите автори, кои со кирилицата пополнија празнина во новиот медиумски простор. Младите уметници и автори од независната културна сцена и оваа година добиваат можност со своите креативни идеи да придонесат кон зачувување на нашето најголемо богатство, мајчиниот јазик, нагласува министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која ги поканува сите заинтересирани најдоцна до 30 јуни да аплицираат на конкурсот“, објавен денеска во медиумите и на веб-страницата на Министерството за култура.

Предлог-проектите може да бидат: ликовни интервенции во урбан простор (графити) создадени на македонски јазик; налепници за социјални мрежи и канали на комуникација (вибер, инстаграм…); самостојни и групни изложби на дела создадени со користење македонски јазик; литературни промоции; организирање дебати, конференции, работилници и слично.

Локациите за претставување на проектите може да бидат во установите од областа на културата, како  и во други јавни и алтернативни простори, дури и нефункционални, руинирани објекти или простори кои можат да добијат нов современ лик како уметничка сцена. Манифестацијата ќе се одвива од 15 јули до 1 октомври.

Предност имаат млади автори до 30-годишна возраст, кои првпат конкурираат, мали проекти кои како активност се планирани да се реализираат во наведениот период со користење на македонскиот јазик.

Повеќе информации за конкурсот се достапни на линкот КОНКУРС за проект за манифестацијата „Цртај на македонски јазик“ за 2023 година – Министерство за Култура (kultura.gov.mk).

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена