Поврзи се со нас

Гостивар

Отворен нов кабинет во техничкото училиште во Гостивар: Современа настава и пракса, па и вработување!

Објавено

на

Дваесетина ученици добија можност да стекнат стручно образование за електричар-електромонтер, по светски стандарди во средното техничко училиште во Гостивар. Во училиштето денес беше пуштен во употребан новиот кабинет за оваа струка, којшто е опремен со поддршка на компанијата ЕВН. Во соработка со истата компанија ќе се одвива и наставната програма и практичниот дел од наставата, а учениците, по завршување на образованието ќе добијат понуди за работа.

На свеченото отворање присуствуваше министерот за образование Арбр Адеми.

„Оваа паралелка е посебна од повеќе причини. Младите добиваат современи услови и можности за  образување, предвидени се и стипендии, а за најдобрите и понуди за вработување по завршување на школувањето. Апелирам до сите ученици да ги следат насоките и советите од професорите и менторите, затоа што само така ќе стигнат до успех. Нашите напрои и цел се во насока да ги оспособиме за пазарот на трудот“, изјави министерот.

Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Штефан Петер, истакна дека е горд на учениците коишто избрале да се вклучат во оваа паралелка и дека компанијата ќе им ја пружи сета потребна поддршка. „Мило ми е што сум овде во Гостивар на овој свечен ден. Горд сум на учениците коишто сфатија дека треба да ја земат иднината во свои раце и одлучија да ни веруваат. Затоа се обврзуваме да им пружиме образование на светско ниво, а потоа и можност за вработување. Иднината на младите е наша обврска, која можеме да ја обезбедиме само ако им дадеме квалитетно образование и можност да работат.“, рече Петер.

Директорот на техничкото училиште во Гостивар, Ибраим Асани во своето обраќање, се заблагодари на поддршката за отворање на кабинетот и истакна дека овој проект е од големо значење за децата и за самото училиште.

„Ваквата соработка меѓу училиштето, Министерството и компанијата е многу значајна за нас и нашите ученици. Нашите генерации ќе имаат можност да се вклучат во работниот процес без проблеми“, изјави Асани.

Новиот кабинет е опремен со современи уреди, заштитна опрема и алатки кои монтерите ги користат при секојдневна работа на терен. Средношколците, пракса ќе посетуваат во подружниците на ЕВН во Гостивар и во Тетово, под менторство на стручни монтери и специјалисти. Проектот е вреден околу 20 илјади евра.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 60 минути

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 16 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 17 часа

Кривична пријава за бесправно градење во Гостивар

Македонијапред 19 часа

Училиштата сепак нема да работат во саботи, наставата ќе се надомести во работните денови

Гостиварпред 20 часа

Промовирана Монографија за библиотеката во Гостивар, труд на Теута Османи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 21 час

Граѓаните со истечени документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат утре

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена