Поврзи се со нас

Вести

Отворен оглас за 150 стипендии за деца со попреченост преку проект за инклузија

Објавено

на

Во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ отворен е оглас за доделување на стипендии за 150 ученици со попреченост, кои ќе бидат првачиња од септември. Проектот го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“.

Во текот на учебната 2020/2021 година, обезбедени се стипендии за 322 деца со попреченост кои се запишаа и редовно посетуваа настава. Проектот ќе ја продолжи поддршката на овие стипендисти, но овозможува дополнителни стипендии за нови 150 ученици со попреченост запишани во прво одделение во учебната 2021/2022 година. Огласот е отворен на интернет страница на Фондацијата „Чекор по чекор“ www.stepbystep.org.mk (на македонски и на албански јазик). Огласот е отворен до 30 септември 2021 г. и може да аплицираат сите родители/старатели на деца со попреченост запишани во I одделение во основните училишта. За дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат на 072-307-326 или на: stipendii@stepbystep.org.mk.

Висината на месечната стипендија е 50 евра во денарска противвредност и истата ќе се доделува за 10 месеци, од септември 2021 г. до јуни 2022 г. Задржувањето на стипендијата во следната учебна година зависи од редовноста на ученикот во училиште и успешниот премин во следното одделение.

„Семејствата на кандидатите кои ќе добијат стипендија не го губат правото на гарантираната минимална помош согласно член 4 од „Правилникот за начинот на остварување на правото на гарантирана минимална помош…” (Службен весник на РСМ, бр. 109 од 28.5.2019 година)[3]: При остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош, стипендијата не се смета како приход.“, нагласуваат од Фондацијата.

Проектот е финансиран од Европската Унија и има за цел да обезбеди целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта.

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 43 минути

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 3 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 5 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 5 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 6 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 7 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 9 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 11 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена