Поврзи се со нас

Македонија

Отворен привремениот граничен премин Стрезимир – Рестилица

Објавено

на

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со вицепремиерката на Република Косово, Емилија Реџепи и косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла денеска го пуштија во употреба времениот граничен премин Стрезимир-Рестелица на границата помеѓу Македонија и Косово, кој ќе биде отворен за минување на граѓаните од двете земји од денеска (18.07) до 1 септември, секој ден од 8 до 20 часот.

За минување на границата ќе важат истите правила како и на другите гранични премини, односно важечка патна исправа (пасош или лична карта). Преминот е значаен за развојот на туризмот на општините од двете страни на границата, како и за меѓусебното поврзување на жителите од општините ќе ги задоволи потребите во овој период на граѓаните кои живеат на подрачјето на Општина Маврово и Ростуше, од македонска страна и Општина Драгаш од косовска.
Министерот Спасовски истакна: „Денешново отворање на времениот Граничен премин Стрезимир – Рестелица е уште една наша заедничка контрибуција во име на заедничките цели – граници што ќе бидат безбедни и отворени за граѓаните. Овој граничен премин, иако по својот обем и карактер е практично од локален тип, сепак е во интерес на жителите од пограничните региони, за нивно непречено транзитирање од двете страни на границата, независно дали станува збор за економски, приватни или други причини. Колку за илустрација, со оглед дека преминот по правило функционира во летниот период, на пример во текот на едномесечното работење во 2019 година регистрирани беа речиси 1.900 преминувања, што е респектабилна бројка за еден ваков времен граничен премин“.
Вицепремиерот на Република Косово, Емилија Реџепи во својот говор потенцираше дека отворањето на овој граничен премин е од исклучитечно значење за локалното население од овој регион, притоа изрази голема благодарност до министерот Спасовски за придонесот околу зближувањето на двете општини преку отворањето на овој граничен премин.

За отворањето на привремениот граничен премин, кој се наоѓа на планината Кораб, на тромеѓето Македонија-Албанија- Косово, денеска објави и Минисерството за внатрешни работи на Косово.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена