Вести
Отворен Центар за млади во Гостивар
Младата популација од Гостивар доби свое катче кое ќе и` служи за креативен, професионален и личен развој. Центарот за млади и заедницата се наоѓа во објект на ул„Мајор Чеде Филиповски“ близу болницата и располага со 220 квадратни метри површина, опремени простории, компјутери, книги.
Проектот го реализира невладината организација „Democracy Lab“ со поддршка на Американската Амбасада во Македонија и општина Гостивар.
На свеченото отворање присуствуваше Амбасадорот на САД, Џес Бејли. „Овој центар ќе ќе овозможи младите од Гостивар да се соберат на едно место. Наместо да ги користат социјалните медиуми и да комуницираат онлајн, може да дојдат тука, да се сретнат и да разговараат лице во лице, да развиваат идеи. Среќни сме што имавме улога на катализатори во овој прокет. Ве повикувам вас, младите да реализирате свои активности и да давате идеи. Експериментирајте и бидете креативни.“, рече Амбасадорот.
Градоначалникот Арбен Таравари им посака успех на младите и им порача наместо по кафетерии, да го користат своето време во центарот.
Иницијаторот на проектот и извршен директор на „Democracy Lab“, Сефер Селеми ги повика младите максимално да го искористат капацитетот на центарот, да се дружат, да учат и да развиваат креативни идеи.
На отворањето неколку младински организации и групи накратко ја претставија својата работа и мисија, а презентираа и модел на Саат кулата, кој репродуцира музика, што самите го изработиле.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград