Вести
Отворена иницијатива за сезонска авиолинија Белград – Охрид
Воведување авиолинија на релацијата Белград-Охрид која би оперирала два пати неделно и би имала сезонски карактер, било во фокусот на средбата во Белград на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Северна Македонија Љупчо Јаневски, со државниот секретар Жикица Несторовиќ при Министерство за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија и Бошко Рупиќ, комерцијален директор на „Air Serbia”.
Јаневски учествуваше на работните средби во Белград, во рамки на Конференцијата „Нови идеи за ново време“, организирана од Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, за заедничко дефинирање на стратегијата и начинот на претставување на регионалниот туристички потенцијал, како надополнување на иницијативата „Отворен Балкан”.
Според Јаневски, иницијативата е поткрепена со одличните статистички показатели за раст на бројот на српски туристи и тоа за повеќе од 500 проценти во 2021 година споредбено со 2022 година.
-Раст од 100 проценти во бројот на туристи од Србија кој го посетиле Охрид е забележан и во првиот квартал од 2022 години споредбено со 2021, исто така и остварените ноќевања се со значителен раст, рече Јаневски.
Тој дополни дека регионалната соработка е предуслов за развој на туристичката индустрија, а со иницијативата „Отворен Балкан”, се поместуваат границите и таа станува дестинација од 15 милиони домашни туристи која е сериозна можност за инвестиции. Туризмот, посочи, треба да се перцепира и како генератор на воспоставување доверба, соработка, економско закрепнување и добрососедски односи во регионот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград