Гостивар
Отворена Летната школа во Гостивар, вклучени се над 740 деца

На пригодна свеченост во спортската сала „Младост“ во Гостивар, во присуство на ученици, наставници, родители и други гости, денес беше означен почетокот на Летната школа. Во рамки на школата бесплатно ќе се спроведуваат најразлични активности наменети за деца од 7 до 14 години како: спортување, шах, изучување странски јазици, уметничка креативност и др.
Проектот го организира Општина Гостивар, во соработка со основните училишта, а во него се вклучени над 740 основци.
„Пред 5-6 месеци добив предлог од наш граѓанин да организираме една ваква Летна школа. Реков, не знам колку ќе има заинтересираност, затоа што децата едвај чекаат да заврши учебната година. Меѓутоа го разгледавме предлогот и решивме да го спроведеме. Сега кога гледам колку интерес има, навистина сум презадоволен и многу ми е мило. Се надевам дека ќе имаме многу убави моменти и дружење во текот на овие активности“, рече на отворањето, градоначалникот Арбен Таравари.
Со децата ќе работат околу 40 инструктори, наставници, стручни лица, секој во својата област.
Ова е прва Летна школа од ваков вид во Гостивар, а локалната самоуправа нагласи дека ќе се залага да стане традиција.
Атмосферата на денешното свечено отворање беше разубавена со музички настапи.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја