Поврзи се со нас

Македонија

Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ – Илинден е голем светилник, да ги дочуваме својот идентитет и вековната посебност

Објавено

на

    Со подигнување на бајракот на Републиката, со симболично испукување на црешовото топче и со читањето на Крушевскиот манифест, синиќа на Гумење во Крушево свечено беа отворени научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“ со што и започна чествувањата за големиот Илинден и 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република. На чествувањето покрај повеќе гости присуствуваше и претседателот на владата Христијан Мицкоски.

    Потенцирајќи дека заедничкото живеење на сите националности во илинденско Крушево е пример за целокупното живеење во Македонија, крушевскиот градоначалник и претседател на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“, Томе Христоски нагласи дека Илинден е голем светилник што го покажува правецот кон сигурната иднина.

    Илинден е победа за сите кои движат напред. Денес живееме во држава втемелена на Крушевскиот манифест и Манифестот на АСНОМ. Идеите и вредностите запишани во овие безвременски документи од нашата историја денеска се наша реалност.  Илинден е и ќе биде нашата сила за светла, европска иднина за сите граѓани на Македонија. Историјата ги памети тие што се издигнуваат, преземаат, му даваат сила на својот  глас, и се решени да донесат одлука. Тие пишуваат историја, историјата ги запишува нив. Илинден е симбол за нашата борба за слобода и човечки правдини, рече Христоски на отворањето на Манифестацијата.

    Според министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во пресрет на Илинден, повторно му кажуваме на светот дека Македонија не беше и не ќе биде јалова грутка, за да ја поткршува кој најде и кој ќе стигне.

    -Денеска, на страниците на светското паметење, со гордост запишуваме дека пред 121 и пред точно 80 години, ние ги избравме и ги испративме најдобрите синови први да ги огрее сонцето на слободата. Хероите од Мечкин Камен и Слива, ни покажаа како се чува слободата, тој најскап идеал на човекот, а ние сме онаа генерација на која ѝ е оставен аманетот – со убавината на сопствената култура и традиција, да ги дочуваме својот идентитет и вековната посебност, како скапоцен влог во мозаикот на светската цивилизација, рече Љутков.

    Да се зборува за Крушево значи да се зборува за сопствената историја, традиција и култура. За град музеј, кој изобилува со историски зданија како одек од минатото и потврда за непроценливото културно наследство на нашата држава.

    -Силно верувам дека предвидената програма на  манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“  ќе биде  нов  културен светилник на Балканот, за кој долго ќе се зборува и по кој светот ќе нè препознава, како град и земја што задолжително и со восхит треба да бидат посетени, нагласи министерот за култура и туризам Зоран Љутков со што ја прогласи за отворене, сега веќе националната манифестација „10 дена Крушевска Република“.

    На Гумење во предвечерието на празникот се одржаа богата културно-уметничка програма и огномет.

    Денес на празникот од 11,30 часот е централното чествување на Мечкин Камен каде ќе се обрати претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена